(Видео) Зеленски: Путин наскоро ќе умре, тоа е факт

„Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичката и економската изолација,“ вели Зеленски во интервју пренесен од Kyiv Independent.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „наскоро ќе умре“ поради гласините дека рускиот лидер се соочува со сериозни здравствени проблеми. Тој ја даде оваа проценка за здравствената состојба на Путин за време на интервју со новинари во Париз, по вчерашната средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичката и економската изолација,“ вели Зеленски во интервју пренесен од Kyiv Independent.

Коментарите на Зеленски следеа еден ден откако Русија и Украина се согласија на спроведување на делумно примирје, со посредство на САД, кое се однесува на нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. За возврат, САД се согласија да го прошират рускиот пристап до глобалните пазари.

„Сметам дека ова е опасно. Ова е еден од најопасните моменти“, порача Зеленски.

„Путин се надева дека ќе остане на власт до својата смрт“, рече Зеленски, додавајќи дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку би можеле да доведат до директна конфронтација со Западот. Тој ги повика САД и Европа да останат обединети во притисокот врз Путин. Рускиот лидер се плаши од евро-американскиот сојуз и се надева дека ќе успее да го подели, рече Зеленски.

Потоа додаде: „Путин, исто така, се плаши од својата смртност. Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и сè ќе биде завршено.“

И покрај неговите обиди да проектира слика на хипермашкулни лидер, веќе подолго време постојат гласини дека Путин има здравствени проблеми. Последниве години се забележува дека 72-годишникот има подуено лице, грчеви во ногата и крвави очи, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за неговото здравје.