(Видео) Зеленски: Побаравме официјална информација од САД за замрзнувањето на воената помош

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски рече дека им наредил на високи членови на неговата влада да контактираат со нивните американски колеги за да добијат официјални информации за суспензијата на американската помош што ја објавија високи претставници на Вашингтон.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски рече дека им наредил на високи членови на неговата влада да контактираат со нивните американски колеги за да добијат официјални информации за суспензијата на американската помош што ја објавија високи претставници на Вашингтон.

„Денес многумина се прашуваат само едно – што ќе биде со помошта од Америка?“ рече тој во видео порака до украинските граѓани.

„Му наложив на украинскиот министер за одбрана, нашите шефови на разузнавачки служби и дипломати да контактираат со своите колеги во САД и да добијат официјални информации“, рече тој.

Зеленски, исто така, повтори делови од неговата претходна изјава, велејќи дека никој не сака „бескрајна војна“ и дека „нормалните, партнерски односи со Америка се важни“.

Тој повторно се заблагодари на Америка и на американскиот народ за досегашната помош.

„Знаеме дека Русите не ги променија своите позиции и барања во однос на Украина – тие ќе бараат намалување на нашата војска, ќе сакаат да се откажеме од нашите територии и ќе сакаат значителна политичка деформација на Украина заедно со слабеење на украинската уставност“, рече тој.

„Ќе кажам дека се’ додека сите ние во Украина стоиме заедно и силни, додека сме тука, тие нема да успеат – мирот ќе биде достоинствен“, додаде Зеленски.

Претходно украинскиот лидер, на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека Украина е подготвена да почне мировни преговори под водство на САД, како и да стави потпис на договорот за минералите.

Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД