(Видео) Зеколи: ВМРО-ДПМНЕ извесно е дека ќе победи на избори, ама не се свесни дека ќе добијат жежок компир

„Со оваа опозиција на извесен начин посакувам да им се исполни желбата, се плашам дека не се свесни каков жежок компир ќе добијат“, вели Арсим Зеколи, екс-амбасадор и колумнист во најновото издание на Трилинг.

„Да се навратиме наназад и да видиме каде грешевме. Ако гледаме наназад, гледаме рециклирање на тие лажни надежи кои се јавуваат во смена на партиите кои доаѓаат на власта, во македонскиот политички кампус. Граѓаните стануваат се посвесни дека партиските кратенки веќе не влечат гласови. Повеќе се гледа на профилот на самите ликови. Проституцијата е алтер его на политиката. Ова наликува на силување, на едно безнадежно општество оставено само на себе. Се менуваат структури, а имаме помагачи од страна кои ни викаат подобро е да истрпите, но нема да ве убијат“, започува Арсим Зеколи.

Зеколи смета дека „меѓусебното простување не е некоја новина. Кој денеска е во затвор, оние изведувачи на 27 април, тие мали фигуринки. Каде е Мијалков, каде е Груевски, што му фали на Груевски, што му фали на Ѓорге Иванов. Ахмети влезе на црна листа и го извлекоа веднаш. И сега треба да дебатираме – ама ние правиме жртва за народот да го внесеме во ЕУ. Ве уверувам дека земјите членки на ЕУ се држат за глава, тоа не е амнестија, тоа е неказнивост“.

„Цела година темата беше ВМРО да се убеди да ги даде тие неколку пратеници за уставни измени. Нема аргумент зошто Бугарите да не бидат во Уставот, сега јавното мнение е далеку поспремно за тоа. А ВМРО-ДПМНЕ не успеа да наметне идеи за вистински реформи, останува таа груевистичка матрица на следење на пулсот на општеството. Една опозиција мора да биде радикална, тоа се екстремни поведенија. Нашата опозиција не е радикална, се екстремни, но по 3 месеци на власт стануваат исти како претходниците“ вели Зеколи.

Колумнистот е со став „Со оваа опозиција на извесен начин посакувам да им се исполни желбата, се плашам дека не се свесни каков жежок компир ќе добијат“.

На Мицкоски не му е мисијата да ја победи власта, туку да даде привид дека има гранитна стабилност во опозицијата што апсолутно не е вистина. Ми личи дека доаѓаме на ситуацијата во Италија, дека има експлозија на мали партии. Овие промени од 2016 година наваму имаат влијание на раслојување на гласачките тела. ВМРО извесно е дека ќе победи, но дали е тоа достаточно, ова веќе не е Македонија ниту на Црвенковски, ниту на Заев, ни на Груевски, па ни на Ковачевски и Ахмети, доаѓаме во нов моментум во кој ќе има многу повеќе политика“, потенцира Зеколи.

Единствена анкета на кој и верувам во последниве години беа изборите во Тетово, дециден е Зеколи, и вели „Ахмети и ДУИ се во пад, а со него завршува и приказна за Фејсбук политичари (Груби, Села, Таравари). И нивното време веќе истекува“.