(Видео) Зајкова: Се плашат од народот – трагедиите ги кријат, а реформите ги избегнуваат

🔴 „Ние како да не сакаме да учиме од се што ни е се случува. Ни се случија куп трагедии и упорно продолжуваме со истите нешта. Овие работи се очигледни, секој од нас ги гледал и коментирал, но никој ништо не преземаше. Се надевам дека овој пат институциите ќе преземат одредени дејствија. Јас не знам зошто се толерира а не се санкционира, но се надевам дека се преземат одредени дејствија за да не сведочиме на нови трагедии. Некои од тие згради кои не подлежеле на контрола на надзор може да бидат утре висок ризик за луѓето кои живеат во нив. Не дај Боже да сведочиме на уште еден пожар како во шупата наречена дискотека во Кочани или рушење на зграда при помал земјотрес. Тогаш џабе се казни и санкционирање кога човечките животи нема да можеме да ги вратиме. Затоа подобро е да превенираме отколку да лечиме штети“, смета Зајкова.

-Во Собранието не видовме ништо непознато и во минатото секогаш топката се префрлаше. Сите декларативно се за една изборна единица, но кога ќе дојде да се покаже на дело работите излегуваат на друг начин. Мене ми е жал што не се отвори воопшто дискусијата, бидејќи покрај една изборна единица овој Закон опфаќаше и можност за отворени листи кои можеби се за некого причина за страв бидејќи тогаш директно граѓаните ќе можат да одберат кој ќе ги претставува во Парламентот и Советите, но е е добро и за демократијата и да за се слушне граѓанскиот глас, изјави во Магазинот „Трилинг“ пратеничката и претседателка на ЛДП Моника Зајкова околу пропаднатиот обид во Собранието и барањето за промена на Изборниот систем Македонија да биде една изборна единица инициран токму од Либералдемократската партија.

Политика без храброст – Зајкова обвинува за страв од отворени листи и реформи

Фото: Трилинг / Моника Зајкова

-Она што е за мене разочарувачки, вели Зајкова, е што не се дозволи да се отвори дебата, а за тоа дали се препознава дил помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по ова прашање, претседателката на ЛДП вели дека сите поголеми партии си ја префрлаат топката.

„Во минатото проблемот беше ДУИ ирационалните прагови кои ги нудеше, па Алијанса со осумте изборни единици, па се бараше политички консензус кој знаеме дека не е неопходен, бидејќи на законот не му треба двотретинско мнозинство и така секогаш е некој изговор“, вели Зајкова.

Говорејќи за претстојните локални избори и дали треба да се очекуваат реални понуди или како и досега ќе се ветуваат брда и долини, мегаломански проекти, а се ќе се сведе на поправање на уличка и тротоар. Зајкова вели дека за жал нашите гадови и села сѐ уште, ако тргнете по помалите општини, немаат ни основна инфраструктура. Немаат пробиени улици, немаат завршено канализациони мрежи, немаме болници.

„Ние може да зборуваме за тротоарчиња и за чешми кога основните потреби ќе ги имаме завршено односно задоволено основните потреби на луѓето. Нас сѐ уште да ни умираат луѓето од енормно загадување, односно од карциноми, да немаат јавен превоз, болници е недозволиво“, вели Зајкова.

Дивоградби, корупција, молк – Зајкова со остри критики за системскиот распад

Фото: Трилинг / Моника Зајкова

Околу дивоградбите и податокот дека нив ги има над 200.000, Зајкова вели дека тие не се нешто што не го знаеме, туку се очигледни работи но сега излегоа од фиока или по јавно се обелоденија.

„Ние како да не сакаме да учиме од се што ни е се случува. Ни се случија куп трагедии и упорно продолжуваме со истите нешта. Овие работи се очигледни, секој од нас ги гледал и коментирал, но никој ништо не преземаше. Се надевам дека овој пат институциите ќе преземат одредени дејствија. Јас не знам зошто се толерира а не се санкционира, но се надевам дека се преземат одредени дејствија за да не сведочиме на нови трагедии. Некои од тие згради кои не подлежеле на контрола на надзор може да бидат утре висок ризик за луѓето кои живеат во нив. Не дај Боже да сведочиме на уште еден пожар како во шупата наречена дискотека во Кочани или рушење на зграда при помал земјотрес. Тогаш џабе се казни и санкционирање кога човечките животи нема да можеме да ги вратиме. Затоа подобро е да превенираме отколку да лечиме штети“, смета Зајкова.

Кочани е опомена – трагедијата ја разоткри целата неказнета државна негрижа

Говорејќи за тоа колку кочанската трагедија ќе ја руинира самобендисаноста на ВМРО-ДПМНЕ, Зајкова вели дека она што се случи во Кочани е голема трагедија за цело општество.

„Можам само да изразам сочувство а не сакам ни да замислам колкава е болката на луѓето што ја носат. Можам да сочувствувам бидејќи имав блиски познаници кои беа погодени од трагедијата. ЛДП во ниту еден момент не ја политизираше оваа трагедија и не сакам да се политизира. Не сакам да зборам за тоа што ќе донесе за една или за друга партија бидејќи мене ми е мачно да се политизираат трагедија, а верувам дека и на граѓаните им е исто. Она што преферирам е да говориме како на градот да му се помогне да излезе од траумата иако тоа е неизлечлива болка, но и како да се одговара за она што се случи“, вели Зајкова.

На прашањето дали владејачката гарнитура е толку супериорна и државата ја води во правилна насока или имаме грогирана опозиција во која во моментов граѓаните не гледаат подобра алтернатива, претседателката на ЛДП вели дека народот на последните избори покажа дека знае да казни нешто што не се испорачува или кога гледаат дека работат не одат добро.

„Граѓаните се тие кои на крајот ќе кажат каква е власта и дали ќе и дадат повторно поддршка или не и дали ќе биде во иста големина или помала“, вели Зајкова.

Фото: Трилинг / Моника Зајкова

Околу обидите за деблокада на проблемот помеѓу Македонија и Бугарија и преписките на релација Скопје – Софија. Зајкова вели дека интензивни разговори и интензивна работа можат да придонесат единствено до подобар резултат.

„Јас не сакам да ги коментирам изјавите на политичарите во Бугарија бидејќи тие си имаат свој национален наратив. Повеќе сакам ние тука да направиме јасен план и системска стратегија како ние сите заедно да помогнеме да се придвижиме и дај а исполниме целта – Европска Унија. Мене на крајот на денот воопшто не ми е важно што Бугарија збори, важно ми е ние како се преставиме во Европа и како ќе ги убедиме дека навистина со правењето на тешки одлуки, со правењето на реформи, Македонија заслужува да биде таму и конечно да го заземе своето место на масата во ЕУ: Преферирам да сум еднаква со европските граѓани а не да се натпреварувам како ќе ме доживуваат соседите, односно во конкретниот случај Бугарија. Со сите треба да градиме добри односи, но тие ако не сакаат некако да не прифатат мене ми е важно е важно како ние се прифаќаме, како ние се претставуваме и дали другите во Европа го прифаќаат тоа. Видовме дека Европа нема проблем никаков со Македонија. Има позитивни намери во процесот на проширување. Последните амандмани кои се однесуваа на извештајот, можам да говорам за либералите, односно нашата група која што ја предводи Дан Барна како репортер во сенка, дека достави амандмани на кои зад нив, а тоа се однесува на потврда на македонскиот јазик, култура, посебност. Тоа впрочем либералите го правеле секогаш“, вели Зајкова.

На прашањето дали лично смета дека македонскиот идентитет е загрозен, Зајкова смета дека се додека секој од нас го говори македонскиот јазик, ги учи своите деца да го говорат македонскиот јазик, јазикот секогаш ќе живее.

„Како јазик и правопис секако дека ќе живее се додека има кој да го говори“, додава Зајкова.

Зајкова: Наместо ЕУ грантови, не задолжуваат – а болници сѐ уште нема

Околу Договорот со Обединетото кралство „тежок“ шест милијарди евра и дали може да сметаме дека со овие средства економијата ќе може да заздрави, да се стабилизира и да дојде до закрепнување или ќе продолжиме да тонеме во должничко ропство, лидерката на ЛДП вели дека пред сѐ повеќе би посакала да бевме членка на ЕУ. Наместо шест милијарди евра кредит подобро ќе беше да имаме шест милијарди евра грантови, односно подарок пари за да реализираме проекти.

„Она за кое ЛДП секогаш се борела и го покажувала преку своите примери е тие пари навистина да се потрошат капитални проекти и на нешто што е суштински значајно за државата. Овакви кредити имаат и други земји, има и Србија, Украина добива стогодишен договор со Велика Британија, јас во неколку наврати напоменав дека можеби е добро и Македонија со дел од овие средства да ја обнови својата воена индустрија, бидејќи знаете дека ние имавме производствени капацитети во Самоков, во Прилеп, така што тоа би отворило и многу нови работни места, но и зошто да не кога утре ќе стои на ознака Made in Europe,  да не стои и дека дел од работите во безбедносната и одбранбена политика се произведуваат и во Македонија. Само се надевам дека парите ќе бидат навистина потрошени за нешто што е суштински неопходно за државата и дека нема повторно да сведочиме на трошење на пари за да се купува социјален мир или избори“, додаде Зајкова.

Целото интервју со пратеничката и претседателка на ЛДП Моника Зајкова погледнете го во видеото.