Непроспиена и тешка ноќ за пожарникарите од Будва и уште неколку општини во Црна Гора. До утрово го гаснеа пожарот во Режевиќи, кој од налетот на ветерот синоќа се прошири и во еден момент се приближи до куќите.
Сепак, успеаја да го потиснат и во моментов нема опасност за населените места, изјави за ТВ Вијести – Драган Божовиќ, шеф на Службата за заштита и спасување на Будва.
Како што рече, пожарникарите се уште се на терен, но нема повеќе критични точки, освен кракот кон Дробниќи, кој поради непристапноста на теренот може да се изгасне само од авион.
Божовиќ рече дека во гаснењето на пожарот им помогнале колегите од Бар, Улцињ, Тиват, Подгорица и Цетиње.
На Инстаграм страната на Подгорички времеплов објавени се снимки од пожарот што беснееше во Режевиќи кај Петровац.
Како што може да се види на видеата објавени синоќа, пожарот во еден момент се спуштил до куќите во селото преку автопатот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram