(Видео) Заплена на Табановце – Бугарин криел дрога во специјален бункер во цистерна

Припадници на МВР, Управата за гранична полиција и Управата на полицијата во Врање во соработка со Царинската управа запленија околу 42,3 килограми прашкаста материја слична на амфетамин и приведоа бугарски државјанин И.И.(44) поради сомнение дека има сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што веќе пишуваше „Информер“, случајот бил откриен кога на влез во земјава на мобилниот скенер на царината, на влез во Србија бил издвоен камион со странска регистрација кој од Грција се упатил кон Белгија.

„Полицијата на граничниот премин Прешево, на влез во Србија, во специјално направен бункер во цистерната на камионот управуван од пријавениот , пронашла 63 пакувања со супстанца за која се сомнева дека е амфетамин“, соопшти МВР на Србија во соопштение.