
Запалена е куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
Истата се наоѓа во скопско Зелениково, а според Пандов се работи за смислен атак на криминалците.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?
Ова е цената за удирањето по мафијата!
Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат.
Никој не е над законот!
Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!
Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, вели Пандов.