Живанка Морис која самоиницијативно се обрати до Канал 5 ТВ за да ја раскаже својата сторија за апсолутизмот и автократијата на Апасиев, како и неговите непочитувања на статутот на партијата, а нам на Канал 5 ТВ ни најави дека од понеделник ќе лиферува нови докумнти и докази за непринципиелното раководење со оваа партија.
Дополнително ни кажа дека многу членови се разочарани затоа што, наводно, Апасиев забранил употреба на македонското знаме од Кутлеш.
Екс координаторката на Левица ни соопшти дека кај Апасиев постоела сериозна фрустрација за тоа што не можат експресно да се соберат потписите за Ванковска, а како едни од главните „виновници“ за тој проблем биле посочени медиумите.
Последната вест од Морис е дека уште двајца членови на т.н. Президиум на партијата дале оставка на функциите, а Канал 5 утре ќе се обиде да ги провери овие информации.
Во продолжение е видео обраќањето на Живанка Морис од Стојаково , како што таа „карикатурно“ љуби да се претставува: