
(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски лажеше за името, сега лаже за ЕУ!
„Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски? Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата, само без право на глас. Лажеше за сè, а за што сè уште не излажа?“ рече на денешната прес-конференција Андреј Жерновски – член на извршниот одбор на СДСМ.
„Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски? Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата, само без право на глас. Лажеше за сè, а за што сè уште не излажа?“, рече на денешната прес-конференција Андреј Жерновски – член на извршниот одбор на СДСМ.
Тој вели „И додека лаже дека се загрозени македонските интереси, не кажува дека со членството во НАТО токму тие македонски национални интереси се исполнети. Исто како што не кажува дека со влез во Европската Унија ќе ги заштитиме нашите вредности и нашиот идентитет. Како што ги излажа граѓаните пред изборите за името и за уште многу други работи, сега сака на младите, на нашите деца, да им ја украде иднината“.
„Мицкоски не сака членство во Европската Унија и планира земјата и понатаму да ја држи во изолација. Неговата тактика гласи: грабеж одвнатре, изолација однадвор. За жал, како што кажав, сака да ги држи во заложништво нашите деца и идните генерации. Зошто? Имаме право да си го поставиме тоа прашање. Затоа што сака и понатаму да тече историскиот грабеж, да се вршат криминални грабежи, разни сомнителни трансакции, криминални тендери – се разбира без контрола и без никаква одговорност. Токму ова е предавство. Така ѝ се наштетува на сопствената земја. Нашиот национален интерес се Европската Унија и НАТО“, рече Жерновски.
Тој порача „Сите веќе знаат, и дома и надвор, дека нашиот македонски национален интерес е заштитен. Уставот не е прашање на Бугарија, туку на самата Европска Унија. Но, како што кажав, Мицкоски свесно ја саботира иднината на државата и иднината на нашите млади. И додека цела Европа се дистанцира од Орбан, Христијан Мицкоски оди таму, учествувајќи во предизборјето, за да му даде поддршка“.