(Видео) „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во Прилеп: Маричиќ, Николовски и амбасадорот Бомгартнер дел од кампањата

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, која ја предводи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, вечерва во Прилеп се одржува отворена трибина „ЕУ за развој на македонското земјоделство“.

На трибината свое обраќање има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а меѓу гостите се амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и претставничката на организацијата Агро Лидер Марина Тошеска.

Кампањата се реализира во осум градови низ државата и тоа следно во Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Куманово и притоа се организираат трибини и средби со граѓани и дискусија на неколку теми: земјоделство, енергетика, туризам, економија, млади и инфраструктура. Активностите во секој од градовите вклучуваат и посета на локалитет од значење за конкретниот град.