(Видео) Елмас се прости од Наполи, а од клубот му порачаа: Ти благодариме за емоциите кои ни ги даде

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во новата година ќе биде во нова фудбалска средина, во редовите на бундеслигашот РБ Лајпциг.

Тој од 2019 година беше дел од калчолигашот Наполи со кого триумфираше во Купот на Италија, потоа го освои и Скудетото.

Од клубот направија специјално видео со кое се поздравија со нашиот ас:

-Ти благодариме за емоциите кои ни ги даде. Сега те чека нов предизвиk, а ние секогаш ќе навиваме за тебе. Чао Елиф дијаманту – порачаа од клубот од Неапол.

Претходно Елмас со емотивна порака се збогуваше од својот досегашен клуб.

„Драги фанови, ме дочекавте како дете, ме разгалувавте, ме заштитивте, ми помогнавте да израснам во маж. Заедно доживеавме убави моменти, поминавме незаборавни ноќи и доживеавме неописливи радости. Да се ​​биде дел од наполитанското семејство беше привилегија. Тука имав можност да запознаам фантастични луѓе и да создадам пријателства кои секогаш ќе ги носам со мене. Твојата наклонетост, твојата топлина, твојата радост и твојата љубов ќе ме придружуваат насекаде. Дојде време да се збогуваме, нашите патишта се разминуваат, но нашата врска ќе биде вечна. Да се ​​биде дел од Наполи и да се пишува историјата на овој град е нешто уникатно. Благодарност до претседателот, клубот, тренерите, моите соиграчи и сите соработници кои вршат исклучителна работа. Фала Неапол. Благодарност до вас фантастични фанови кои направивте да се чувствувам како дома изминатите пет години. Ве сакам дечки. Наполи ќе останеш засекогаш во моето срце… сино! – напиша Елмас на Инстаграм.