(ВИДЕО) Еленовски: Од актуелната власт досега не видовме реална борба против корупцијата

➡ На едно ниво хибридните закани се секојдневие, некоја нормала работа, но има повисоко ниво каде зборуваме за некоја геополитика каде што посебно големите сили учествуваат во хибридни напади на нивните главни конкуренти. Постојано слушаме за некои руски, кинески хибридни напади врз западната инфраструктура. Ние во рамките на таа инфраструктура во која што реално припаѓаме сме еден минорен дел и мислам дека конкретно кон нашата држава тоа се минорни активности. ➡ Секогаш некој друг ни е крив и тоа мислам дека ни е главен проблем во менталитетот. Било тоа дали се работи за пожари, за претходни несреќи кои ни се случувале. Секогаш некој друг ни е крив. Ние не научивме дека треба да ја преземеме одговорноста и да го смениме системот реално, а не со пароли. Еве сега почнуваат локалните избори сите се борат против корупцијата а ние не видовме реална борба против неа. До ден денес борба против корупцијата во Македонија не постои. ➡ Еве и сегашната влада бараше од претходната влада за некои битни прашања за државата да се работат на база на консензус, но како што ги гледаме чекорите, еве веќе година ипол, она го повторува патот на претходната влада. За жал ние сѐ уште не сме спремни на демократско и зрело политичко ниво за да пристапиме кон еден таков модел на менаџирање на нашата држава. Затоа и ни се случуваат сите овие работи, вели Еленовски.

„Последната револуција која што му претстои на човештвото како вештачката интелигенција е само во нејзините зори, во нејзината почетна фаза и ќе има огромно влијание врз целиот живот. Со сајбер светот кој го препознаваме веќе 30 години, светот навлезе во една виртуелна реалност која влијае на секоја област од општествениот живот вклучително и на безбедносните прашања. Од тој аспект хибридната закана за мене веќе не е нешто ново, туку некое секојдневие за секого“, изјави во „Трилинг“, поранешниот министер за одбрана и екс амбасадор во Брисел Лазар Еленовски, за се позачестените тези дека сме мета на хибридни напади, на странски служби, за тоа колку овие закани се реални и содејствуваат со слика на една мала земја која е членка на НАТО и е под безбедносниот чадор на Алијансата.

За тоа кој и како ги разгорува овие хибридни закани и напади, Еленовски вели дека има повеќе нивоа.

„Прво е дека ние живееме во таа реалност. Секој може да разгоре – и од хоби, од професија, од лукративни интереси, но има и од национални, политички, геополитички интереси. Значи секој кој може да профитира во оваа бука, во оваа глобална игра влегол во таа игра и профитира – дали индивидуално, дали колективно, дали како држава, дали како регион. Затоа велам на едно ниво хибридните закани се секојдневие, некоја нормала работа, но има повисоко ниво каде зборуваме за некоја геополитика каде што посебно големите сили учествуваат во хибридни напади на нивните, благо кажано, главни конкуренти. Постојано слушаме за некои руски, кинески хибридни напади врз западната инфраструктура. Ние во рамките на таа инфраструктура (западна) во која што реално припаѓаме сме еден минорен дел и мислам дека конкретно кон нашата држава тоа се минорни активности. Јас не знам зошто би биле – правите хибриден напад од геополитички интерес поради некаков интерес. Геополитичкиот интерес во Македонија за Кина или Русија скоро и да го нема, смета Еленовски.

Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана и екс амбасадор во Брисел

За пожарите кои ја опфатија Македонија а беа протолкувани дека се хибридни напади, дека во нив има инсталирано странски служби, внатрешни центри на моќ кои создаваат или прават обид за дестабилизација на државата и ако премиерот го дели ова мислење сервирано од домашните тајни служби, тогаш кој би можел да биде инспираторот и дали како земја членка на НАТО треба да ги информираме нашите сојузници, Еленовски вели дека кога се работи за пожарите ја повторуваме грешката која е стара веќе 30 години.

„Секогаш некој друг ни е крив и тоа мислам дека ни е главен проблем во менталитетот и нешто што мора да го смениме. Било тоа дали се работи за пожари, за претходни несреќи кои ни се случувале во државата секогаш некој друг ни е крив. Ние не научивме дека треба да ја преземеме одговорноста и да го смениме системот реално а не со пароли. Еве сега почнуваат локалните избори сите се борат против корупцијата а ние не видовме реална борба против неа. До ден денес борба против корупцијата во Македонија не постои“, вели Еленовски и додава дека најлесно е вината да се префрли на некој друг и жално е што немаме научено да работиме на ниво на консензус.

Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана и екс амбасадор во Брисел

„Еве и сегашната влада бараше од претходната влада за некои битни прашања за државата да се работат на база на консензус, но како што ги гледаме чекорите, еве веќе година ипол, она го повторува патот на претходната влада. За жал ние сѐ уште не сме спремни на демократско и зрело политичко ниво за да пристапиме кон еден таков модел на менаџирање на нашата држава. Затоа и ни се случуваат сите овие работи.

-Пројдоа 34 години од независноста а ние сѐ уште ги повторуваме истите грешки, дури и за некои работи сме полоши од што сме биле. Ајде во првите 10 години бевме по инерција на југословенскиот систем којшто сепак беше систем. Ние излеговме од тој сериозен систем, рековме ќе правиме независна држава и ќе ги подобриме работите. Сега гледаме што се случува кај нас во регионот. Една по една држава од кои некогаш сме биле понапред една по една не проаѓаат и сега доаѓаме на опашката. Не е дека немаме капацитет, но мислам дека прашањето е во организацијата и политичкиот менаџмент, смета Еленовски.

Целото интервју погледнете го во видеото.