(Видео) Експлозија предизвикана од дрон во Турција, еден загинат и осуммина повредени

Денеска едно лице загина, а осум се повредени, од кои двајца потешко, во експлозија најверојатно предизвикана од терористички дрон, што се случи во регионот на Црното Море во близина на градот Чалишкан, во областа Ширнак, според турски медиуми.
Според првите информации, експлозијата се случила кога службеното комбе на рудникот и уште едно возило минувале покрај рудникот во регионот Сијахаја, пишува весникот „Џумхуриет“.
На местото на настанот се испратени бројни безбедносни сили, пожарникари и медицински екипи, а по укажаната прва помош повредените се пренесени во болницата во Силопи.
За инцидентот е започната опсежна истрага.
За експлозијата зборуваше и турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, кој потврди дека едно лице загинало, а осум се повредени, од кои двајца потешко.
„Првичната истрага што ја спроведовме заедно со Министерството за национална одбрана утврди дека нападот што беше извршен од северен Ирак е резултат на непријателства поврзани со работата на рудниците за јаглен во тој регион“, рече тој на платформата Х.