Во експлозија во магацин во Лушња, Албанија, две лица загинаа, а седум се повредени.
Загинаа татко и син, а меѓу повредените е и пратеникот од социјалистите Бујар Чела.
Експлозијата предизвикала штета и на околните згради, јавуваат албанските медиуми.
Експлозијата најверојатно се случила кога камион со кран удрил во далновод.
Повредените се пренесени во болница во Тирана.