(Видео) Експлозии низ Бејрут во текот на ноќта, напаѓани финансиерите на Хезболах
Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа објавија дека планираат да нападнат „голем број“ локации. Повеќето од нападите беа насочени кон филијали на Ал-Кард Ал-Хасан, банка без лиценца која се смета за еден од главните извори на готовина на Хезболах.
Бејрут ноќеска беше потресен од експлозии веднаш откако Израел се закани со „непосредни напади“ на локации поврзани со финансирањето на Хезболах.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа објавија дека планираат да нападнат „голем број“ локации. Повеќето од нападите беа насочени кон филијали на Ал-Кард Ал-Хасан, банка без лиценца која се смета за еден од главните извори на готовина на Хезболах.
Експлозиите најпрво се слушнаа во јужниот дел на главниот град и долината Бека, но висок израелски разузнавач нагласи дека цели биле погодени „ширум Либан“. Еден од нападите беше извршен во близина на меѓународниот аеродром Рафик Ал Харири.
Се појавија снимки на кои се гледа уривање на зграда погодена од Израелците. Споменатата зграда беше прогласена за цел само неколку часа претходно.
Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари ги предупреди цивилите: „Секој што е во близина на места кои се користат за финансирање на терористичките активности на Хезболах мора веднаш да си замине“.
Israel is literally wiping out apartment buildings in Beirut tonight.
Let that sink in—residential buildings full of Lebanese families.
In what universe is this considered “self-defense”? pic.twitter.com/KpTN3AO1d7
— sarah (@sahouraxo) October 20, 2024
Вечерашниот напад се случи откако Израелците вчера објавија дека ја нападнале разузнавачката служба на Хезболах во Бејрут.
„ИАФ (Израелските воздухопловни сили) извршија напад врз командниот центар на разузнавачкиот штаб на Хезболах и подземната работилница за оружје во Бејрут“, се наведува во соопштението.
Како одговор на овие напади, израелската армија соопшти дека вчера беа истрелани 160 ракети преку либанската граница кон северен Израел.
Тензиите меѓу израелската армија и Хезболах се зголемија откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври минатата година.