Во текот на ноќта на мостот на Крим се случи несреќа во која загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Засега нема официјални информации што ја предизвикало несреќата. Сообраќајот по мостот е во прекин.
Повредената девојка е префрлена во најблиската здравствена установа, јавуваат руските медиуми. Гувернерот на Белгородската област во Русија објави дека загинатите лица се всушност родители на девојчето. Семејството е од споменатиот Белгородски регион.
Претседателот на Собранието на Крим, Владимир Константинов, изјави дека ова не е случајна несреќа, туку дека се работи за уште еден терористички напад на Киев.
Сообраќајот по мостот е привремено запрен, а група истражители и итните служби се на терен.
Бидејќи немало оштетувања на железничката пруга, железничкиот сообраќај е обновен околу 7:45 часот по средноевропско време.
Надлежните апелираат граѓаните да се воздржат од преминување преку мостот, а туристите да останат во хотелите.