(ВИДЕО) Јоноски алармира: Ако влезе ОЛАФ, истрагата трае со години, а државата ќе мора да плати од свој џеб
➡Ние сѐ уште немаме јасна слика до каде сето ова ќе оди, односно дали истрагата и она што ќе се случува во наредниот период ќе остане само на национално ниво, дали Европската комисија ќе преземе посебни други мерки, дали тука ќе се вклучи ОЛАФ агенцијата каде што би се правела посебна независна финансиска истрага која што би траела обично од две до три години, што уште повеќе на долг рок ја зголемува неизвесноста кај земјоделците. ➡ Има одредени правила под коишто тој договор за ИПАРД се спроведува и мислам дека крајното би било сепак овие трошоци, доколку се случи да дојде до некаква негативна одлука, она што досега е договорено е завршено и истото ќе мора и да биде исплатено, со тоа што претпоставувам би се користеле наши средства, вели за магазинот „Трилинг“, Лилјана Јоноски извршна директорка на Рурална Коалиција.
„Она што се случи за жал внесува одредена неизвесност во целиот овој процес, со оглед на тоа што сепак станува збор најпрво за европски пари. Ние сѐ уште немаме јасна слика до каде сето ова ќе оди, односно дали истрагата и она што ќе се случува во наредниот период ќе остане само на национално ниво, дали Европската комисија ќе преземе посебни други мерки, дали тука ќе се вклучи ОЛАФ агенцијата каде што би се правела посебна независна финансиска истрага која што би траела обично од две до три години, што уште повеќе на долг рок ја зголемува неизвесноста кај земјоделците“, вели за магазинот „Трилинг“, Лилјана Јоноски извршна директорка на Рурална Коалиција, околу тоа во каква состојба се сега земјоделците, по последниот скандал со ИПАРД фондовите.

„Ова е состојба којашто со години наназад се провлекува. Ако ме прашувате кои во моментов се најзагрозени, според она што имавме можност да го слушнеме според официјалното известување на Министерството за финансии, би рекла дека можеби најзагрозени се тие чиишто договори се веќе завршени и чиишто инвестиции се веќе реализирани. Според она што беше кажано од страна на Министерството за финансии е дека тој износ е околу 400 000 евра и најзагрозени во моментов се можеби оние коишто веќе аплицирале, веќе нивните барања се во процес на обработка. Според Министерството за финансии тие се некаде дури околу 20 милиони евра коишто ќе бидат ставени под знак прашалник. Така да можеби ги има сите мерки, и од мерката 1 и од мерката 3 и од мерката 7. Сите овие мерки се однесуваат на различни аспекти од земјоделскиот развој, од руралниот развој. Мерката 1 ние конкретно на модернизацијата во земјоделското стопанство. Најмногу имаме тука апликации и тука директно ќе бидат погодени индивидуалните пред сѐ земјоделци и семејните земјоделски стопанства, затоа што тие оттука и најмногу влечат средства“, вели Јоноски.
Прашана за што најчесто се искористени или се користат ИПАРД средствата, имајќи предвид дека има над 170 000 земјоделски семејства кои стопанисуваат со аграрните површини, Јоноски вели дека тие средства се користат најмногу во мерката 1 за модернизација на земјоделското стопанство и најчесто тука е набавката на трактори.
„На пример во последните повици од ИПАРД 3 од 2021 до сега има над 500 барања кои се исклучиво наменети за купување на нови трактори. Вториот елемент каде што најмногу се инвестира е во модернизација во делот на купување, дали тоа е приклучна машинерија, дали одредена машинерија во однос на берба, дали е некоја ситна, мала преработка – генерално во тој сегмент најмногу се користат средствата“, вели Јоноски.
Околу тоа дали постои опасност некои или дел од земјоделците финансиски да заглават после ваквата одлука од Брисел, Јоноски вели дека нејзин впечаток познавајќи ги состојбите во земјоделството повеќе од 17 години е дека нема некоја таква опасност со оглед на тоа што станува збор за договор којшто државата го потпишува со ЕУ, со ЕК.
„Има одредени правила под коишто тој договор се спроведува и мислам дека крајното би било сепак овие трошоци, доколку се случи да дојде до некаква негативна одлука, она што досега е договорено е завршено и истото ќе мора и да биде исплатено, со тоа што претпоставувам би се користеле наши средства“, вели Јоноски.

Прашана дали има увид што се се гради со овие пари, Јоноски вели дека се има можност дел од средствата да ги користат и општините, ако станува збор за унапредување на патната инфраструктура до 2км.
„Особено се користи во селата коишто немаат добра поврзаност со градовите. Исто така се користи за унапредување на инфраструктурата, дали е осветлување, поплочување и тн. и се очекува и акредитација на мерка којашто баш ќе биде наменета за рурална јавна инфраструктура која што уште не е во можност да се користи. Она што сега во моментов го имаме е модернизацијата на земјоделските стопанства, средствата коишто се за компаниите, преработувачката индустрија и последниот елемент е вложувањето во руралниот туризам. Има доста голем број на капацитети низ нашата држава коишто можеби не целосно, но во одреден сегмент се изградени токму со ИПАРД средствата, вели Јоноски.
Говорејќи дали се точни некои информации дека многу често средства од ИПАРД завршуваат во погрешни џебови, Јоноски вели дека имало доста индиции и доста се говори за тоа дека има такви примери, но тоа сепак не е докажано.
„Можеби и затоа и една од забелешките во последниот Извештај на ЕК е дека отсуствува тој елемент на мониторинг, отсуствува поголема застапеност на мерки коишто ќе бидат насочени кон борба против корупцијата, токму во овој елемент во делот на исплатите, каде истите завршуваат, затоа што и во делот на мониторинг којшто во моментов се спроведува, не се спроведува на сите средства коишто се доделуваат, туку се спроведува на сосема мал елемент, дали се тоа 5 до 10% коишто ад хок или по одредено време се врши проверка на инвестицијата и дали истата завршила во правилните раце. Можеби заради ова е дојдено до некој ваков момент, па самата истрага ќе покаже и некои други недостатоци коишто биле присутни во текот на годините кога станува збор за користењето на ИПАРД средствата и ќе може ваквите елементи да се докажат дека навистина биле или не биле такви“, смета Јоноски.
Целиот разговор погледнете го во интервјуто.