(Видео) Екипите на ЕВН блокирани со запалени гуми при влезот во Слупчане

Слупчане вчера остана без струја поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на континуирани кражби од страна на жителите, објави „Макфакс“.

Екипи на ЕВН синоќа сакале да влезат во селото, но биле блокирани од страна на жителите кои запалиле гуми на патот кон нивните домови.

Кумановското село важи за место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија.