(Видео) Едно лице е убиено во пукање кај ТЦ Мавровка

Видео: ТВ21

Пред неколку минути се случила нова престрелка кај ТЦ Мавровка во Скопје, поточно на паркингот за трговскиот центар.

Според информациите, во престрелката е тешко повредено едно лице, кое неофицијално, им подлегнало на повредите.

Инаку, ова е второ пукање за помалку од 24 часа.

Синоќа во скопско Ченто имаше престрелка по која едно лице со повреди беше пренесено во Градската болница.