(Видео) Д-р Огњаноска Ставровска: За жал, низ многу примери се потврди девизата дека криминалот се исплати
- Владеењето на правото треба да го зачувуваме и со лични примери унапредуваме, но од друга страна се согласувам дека придржувањето до една таква животна филозофија е дотолку потешко во ситуација кога гледаме дека низ многу примери се потврди онаа девиза дека криминалот се исплати, па дури и во судски процеси коишто имаа одредена завршница, видовме дека животот понатака продолжи и тоа релативно добро. Сигналите коишто доаѓаат од САД преку „Црните листи“ треба да дадат поттик на домашните органи за справување со овој ендемски вид“, вели д-р Огњаноска Ставровска.
„Како општество би требале да се запрашаме дали сме подготвени да ги почитуваме правилата дури и тогаш кога нивното прекршување ни дава одредена макар и минимална предност или корист и кога постои можност да поминеме и ние самите несанкционирано, а од друга страна и штетата на некое општо колективно добро би била минимална, вели за магазинот „Трилинг“, д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет, говорејќи за тоа кои се импликациите доколку кај нас политиката на неказнивост и правна несигурност стане бескрајна приказна.
Огњаноска Ставровски вели дека вообичаено ние тежнееме владеењето на правото да го гледаме од една страна како идеја од друга страна и до степен на идеал.
„Но со таквото претерано апстрактно претставување на поимот мислам дека тежнееме и да се апстрахираме од сопствената одговорност кон придонесување и одржување на оваа вредност. До некаде сметам дека дури и треба целосно да го банализираме владеењето на правото за полесно да го прифатиме како дел од нашето секојдневно функционирање.
– Владеењето на правото треба да го зачувуваме и со лични примери унапредуваме, но од друга страна се согласувам дека придржувањето до една таква животна филозофија е дотолку потешко во ситуација кога гледаме дека низ многу примери се потврди онаа девиза дека криминалот се исплати, па дури и во судски процеси коишто имаа одредена завршница, видовме дека животот понатака продолжи и тоа релативно добро. Сигналите коишто доаѓаат од САД преку „Црните листи“ треба да дадат поттик на домашните органи за справување со овој ендемски вид“, вели д-р Огњаноска Ставровска.
Огњаноска Ставровска смета дека треба да почнеме многу посуштински да говориме за владеењето на правото, да излеземе од тој магепсан круг на датуми, на исходи коишто во себе не кријат реални решенија, туку навистина да се договориме како општество дека ќе се зафатиме со горливите проблеми, бидејќи се до тогаш мотивацијата и енергијата за справување со проблемите неминовно ќе се разводнува.
Говорејќи за тоа што може да се очекува од политиката на Трамп во однос на светските случувања, соработката со ЕУ и каде е тука регионот, Огњаноска Ставровска вели дека вториот мандат на Трамп предизвикува политичка анксиозност и кај оние држави кои се традиционално пријателски на САД и кај другите кои се сметаат за ривали на глобалната сцена.
„Факт е дека и светот и Европа веќе сведочеше на еден мандат на Трамп, но треба да погледнеме какви беа состојбите и на другата страна. За време на првиот мандат на Трамп на европската политичка сцена ја имавме канцеларката Меркел, Макрон, Руте, Конте. Не велам дека се тоа политичари коишто секој еден од нив поединечно беше голем европски визионер, но она што имаат заедничко беше нивната умереност во политичкото дејствување.
– Вториот мандат на Доналд Трамп доаѓа во време кога на европската политичка сцена се во пораст крајно десничарските структури, така што мислам дека првичните очекувања се во насока на тоа дали ќе јакне некаква транс-атлантска оска на илиберализам, која што е спротивна на онаа традиционална врска на споделени вредности, демократија, заштита на човекови права.
-Доколку тоа се случи, ЕУ и самата идеја за европска интеграција ќе еродира одвнатре, ќе слабее таа моќ на справување со глобалните проблеми, што донекаде и самите приоритети на Доналд Трамп ги става во некаков квадрат со одредени агли на коишто се прекршуваат, бидејќи од друга страна пак Трамп најави дека силно ќе бара поефикасно справување со трговскиот дефицит помеѓу ЕУ и САД, како и сносување на одговорноста во полето на одбраната. Но за сето ова да се случи ЕУ треба да биде посилна одвнатре. Очекувам администрацијата на Доналд Трамп во следните периоди да постави фокус на одредени приоритети за да може подобро да се види како ќе се одвиваат настаните. За Трамп исто така многу карактеристично е пшто одлуките ги носи врз основа и на одредени свои лични преференци што е еден невообичаен начин на делување кога станува збор за американската политика“, вели Огњаноска Ставровска.
Што се однесува до регионот и политиката на Трамп кон него, Огњаноска Ставровски вели дека ситуацијата ќе се одрази пред сѐ индиректно, односно преку тоа како ќе се формулираат односите на САД кон ЕУ, но дека тоа не значи и дека влијанието ќе изостане.
„Но сметам дека дури и во таквата трка на создавање симпатии, европските лидери почнуваат да развиваат едно чувство на свест дека сепак не би требале да бидат колатерална штета доколку Трамп одлучи да оди во некаква крстоносна војна“, вели Огњаноска Ставровска.
Ова е само дел од разговорот со д-р Лепосава Огњаноска Ставровска. Целото интервју може да го погледнете во видеото.