(ВИДЕО) Д-р Мојсовска Наумоска: Правен е бајпас на нога, а немало потреба

➡Пациентот во моментов нема компликации, меѓутоа поминал хируршки зафат кој можел да има оперативни, постоперативни компликации и теоретски во тој момент го загрозуваш и животот на пациентот што е недозволиво, вели д-р Виолета Мојсовска Наумоска интервентен кардиолог, околу наводите на проф. Кедев за евентуалните злоупотреби на приватните болници на грбот на пациентите.

„Не сакам да мислам дека се работи за некој да профитира врз пациентите. Еве јас лично сум видела пациент каде што е направен бајпас на нога а немало потреба.

-Пациентот во моментов нема компликации, меѓутоа поминал хируршки зафат кој можел да има оперативни, постоперативни компликации и теоретски во тој момент го загрозуваш и животот на пациентот што е недозволиво“, вели д-р Виолета Мојсовска Наумоска интервентен кардиолог, околу наводите на проф. Кедев за евентуалните злоупотреби на приватните болници на грбот на пациентите.

„Дека има наоди има. Јас верувам дека проф. Кедев има информации повеќе од доволно“, вели Наумоска.

Според неа платите на докторите за живот во Македонија не се мали, но не можеме да се споредуваме со земјите од Западна Европа.

„Не мислам дека платите на докторите во однос на други професии се мали. Не можеме да се споредува со земји од Западна Европа, но и не е некоја разлика кога ќе земеме предвид начинот на живот и воопшто колку чини таму живеењето“, смета д-р Виолета Мојсовска Наумоска интервентен кардиолог.

Целото интервју погледнете го во видеото