Младо момче вооружено со пиштол попладнево извршило грабеж среде бел ден, во центарот на Скопје, на улица „Македонија“.
Како што се гледа на видеото, тој со кацига и ракавици, влегува во продажен салон на познат бренд оттаму со закана со пиштолот одзема повеќе часовници.
Од снимките се гледа како лицето ги става предметите во ранец и заминува од местото со мотоцикл, преку плоштадот „Македонија“, кон кејот на Вардар, односно Камениот мост.
МВР трага по непознатото лице.
„Пријавено е дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
View this post on Instagram