(Видео) Доктор ја откри тајната за младешкиот изглед на Бред Пит: На што се должи младешкиот изглед?

Бред Пит и неговиот колега Хавиер Бардем беа забележани во Дејтона, Флорида, каде што снимаа сцена за тркачкиот филм „Apex“. Фотографиите веднаш започнаа да кружат на социјалните мрежи, што ги подгреа шпекулациите дека 60-годишниот Пит можеби се подложил на естетски операции.

Шпекулациите за фејслифтингот дојдоа брзо откако видеото од еден лекар кој го коментира безвременскиот изглед на Пит стана вирално.

Докторот Џони Бетериџ во видеото тврди дека постојат индиции дека Бред Пит бил подложен на операција за затегнување, која може да чини и преку 17.000 долари и бара период на закрепнување од два до три месеци. Докторот ги споредил фотографиите на холивудската ѕвезда направени на Оскарите во 2020 година со оние направени минатиот јули кога седеше на централниот терен на Вимблдон.

„Тоа беше тој пред четири години во 2020 година, и можете да видите дека покажува нормални знаци на стареење. Длабоки статични линии, губење на волуменот во пределот околу очите и средината на лицето и мала опуштеност на кожата во долниот дел на лицето“, вели Бетериџ.

„Минатата година беше на Вимблдон каде ја забележавте неговата трансформација. Погледнете ја промената на неговото лице и погледнете колку изгледа младешки кога ќе го погледнете од страна во профилот. Можете да видите дека промената во долната контура на неговото лице е навистина импресивна, а ако ја барате таа лузна, можете да видите дека е поврзана со фејслифтинг“, продолжил тој, додавајќи дека увото на Пит има „класичен изглед на лузна од фејслифтинг“.

„Мислам дека ова е одличен пример за добро извршена операција“, заклучил тој. Видеото предизвика бројни коментари, а е прегледано дури 5 милиони пати. Бетериџ подоцна за „The Sun“ изјави дека верува дека видеото станало вирално затоа што луѓето не можат да поверуваат колку добро изгледа актерот на 60 години.