(Видео) Димитровски: Договорот со Обединетото Кралство е економски квантен скок; молкот од Софија говори многу гласно

🔴- Голем е интересот на ЕУ и на Велика Британија во делот за на имиграцијата. Го имаат притисокот од нивните општества и тие се секогаш концентрирани на таа тема во контекст да пишуваат и зборуваат за тоа. Оваа шпекулација беше демантирана, не само од амбасадорот Лосон, туку гледаме дека во овие договори воопшто нема ниту спомнување на таква клаузула. Но морам да кажам, дека се разговара со Велика Британија на ист начин како што го имаме договорот со „Фронтекс“ кој претставува еден начин на вклученост на европските полициски структури во мониторирање на границата. Значи ист таков договор каков што Македонија има потпишано со „Фронтекс“ во таков контекст се разговара и со Велика Британија за евентуално нивно учество во мониторирање на делот од границата и спречување на бегалски бран. 🔴 -Јас лично бев во Софија на меѓународна конференција каде побарав средба со моите хомолози од страна на Бугарија. Има две заменички министерки и не ја добив таа средба. Има многу други обиди за средби кои не се реализираат или се само од формален карактер. Никаква суштина се разговара на тие средби, затоа што бугарската страна одбива да комуницира. За креативните решенија јас не би откривал детали затоа што тоа не е моја надлежност, но ние тие креативни решенија ги разговараме на сите средби со нашите европски партнери и голем дел на тие решенија се прифатливи за нив. Но се разбира треба да ги прифати и другата страна, вели заменикот министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски.

„Сакам да кажам дека ова е многу значен Договор што помина во Парламентот, затоа што значи навистина стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кое покрај нашето стратешко со САД покажува дека Македонија дека на својот меѓународен план ги засилува своите партнерства со навистина доминантни држави во светот кои имаат огромно влијание во геополитиката и тоа покажува интерес исто така на Велика Британија за овој дел од регионот каде што Македонија централно е позиционирана и идните геополитички и безбедносни аспекти од оваа перспектива, со овој договор, на некој начин се решаваат, вели заменикот министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски околу ратификацијата на Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Фото: Трилинг / Зоран Димитровски

Околу индикативниот дел во Договорот каде стои дека за секоја разлика на парите од Лондон тоа ќе се решава без процеси пред домашните и меѓународни судови и дали е ваквиот начин пракса, Димитровски вели дека во контекст на договорот за инфраструктурни проекти со Британија овие шест милијарди евра (пет милијарди фунти) се рамка којашто може да биде искористена докрај но и не мора во првиот период од овие неколку години.

„Во првите пет години ние рековме дека пред сѐ ќе биде искористен делот за финансирање на нова брза пруга од Табановце до Гевгелија, болниците во Кичево, Штип, медицински центар, во пругата зборуваме и за делот на поврзување на аеродромот во Скопје до Петровец и овој договор е значаен затоа што претставува квантен скок во економијата на Македонија и инфраструктурното поврзување. За брз период вие не можете да направите многу на редовен начин со финансирање од буџетот, ниту пак не можете да позајмите толку многу средства одеднаш. Ние гледаме дека од Европа добиваме некои средства и грантови што е позитивно, Планот за раст треба во Македонија за неколку години да донесе 750 милиони евра, но ваков тип на средства кои се потребни за огромни инфраструктурни проекти навистина не може да го направите без договор Влада со Влада или пак д аго издавате на концесија коешто од друга страна може да доведе до обвинувања дека правите некаква распродажба на националното богатство“, вели Димитровски.

На прашањето дали овој Договор е за стратешко партнерство или за економско-финансиска соработка преку Фондот за извоз, бидејќи во јавноста се јавија различни дилеми особено што се добива впечаток дека помалку конспиративно беше спроведен овој процес околу договорот со Обединетото Кралство, Димитровски вели дека договорот е преговоран подолго време од страна, па и кога доминантната владејачка партија била во опозиција со своите политички партнери од Велика Британија.

-Премиерот неколку месеци најавуваше дека со една значајна европска земја се подготвува договор и тоа беше на некој начин јавна тајна. Упатените луѓе во политичките елити знаеја дека се работи за Британија, можеби јавноста не знаеше, но јавноста беше подготвувана на некој начин од страна на премиерот и вицепремиерот Николоски дека следува таков договор. Мислам дека и високите политички елити од опозицијата знаеја за што се работи. Не станува за нетранспарентен процес во контекст на конкретните преговори, затоа што тие допрва следат. Збора за конкретното финансирање. Тоа не се сѐ уште докрај јасни параметри. Се разбира дека има одредени пресметки и проценки, анализи се направени во Министерството за транспорт, но во контекст на изнаоѓањето на финансиски средства на меѓународниот пазар каде што се заложува овој механизам на оделот за трговија на Обединетото Кралство да го користи тој механизам но да наоѓа извори на средства од различни финансиски институции. Тоа не се директно нивни пари на сметка коишто тие веднаш ќе ги префрлат. Тоа се финансиски институции и Фондови кои ќе учествуваат во финансирањето. Тој дел сѐ уште е во тек на преговори – во однос на интересот кој ќе биде, на каматите и дека сите други елементи на тие финасиски проекти ќе бидат во зависност од тоа како ќе се планираат. Така што сметам дека овој процес ќе биде комплетно транспарентен по самите проекти.

Фото: Трилинг / Зоран Димитровски

За тоа дали во Договорот има клаузула за прифаќање на бегалците во Македонија, Димитровски смета дека таа шпекулација потекна од британски медиуми.

„Голем е интересот на ЕУ и на Велика Британија во делот за на имиграцијата. Го имаат притисокот од нивните општества и тие се секогаш концентрирани на таа тема во контекст да пишуваат и зборуваат за тоа. Оваа шпекулација беше демантирана, не само од амбасадорот Лосон, туку гледаме дека во овие договори воопшто нема ниту спомнување на таква клаузула. Но морам да кажам, дека се разговара со Велика Британија на ист начин како што го имаме договорот со „Фронтекс“ кој претставува еден начин на вклученост на европските полициски структури во мониторирање на границата. Значи ист таков договор каков што Македонија има потпишано со „Фронтекс“ во таков контекст се разговара и со Велика Британија за евентуално нивно учество во мониторирање на делот од границата и спречување на бегалски бран. Ако официјален Лондон побара од нас правење на бегалски кампови таква клаузула во никаков договор не би прифатиле. Македонија мислам дека не е подготвена тоа да го направи. Ова Влада барем не е подготвена тоа да го направи, вели Димитровски.

Говорејќи за тоа што предвидуваат креативните решенија, како што ги наслови претседателката Сиљановска Давкова, во однос на деблокада на македонскиот евроинтегративен пат, заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија смета дека молкот од Софија говори многу гласно.

„Сите овие изминати месеци говоревме дека треба да дојде политичка Влада во Софија за да почне некаков политички дијалог и тоа од таа страна не се негираше. Но како дојде политичка Влада во Софија гледаме дека бугарската страна на некој начин одбива политички дијалог и тоа не само за прашањата за кои имаме реално спор во контекст на нашето евроинтегрирање, туку и за прашања, да речеме, од инфраструктурен карактер, како што е Коридорот 8, каде повторно тој дијалог е заглавен од бугарска страна.

-Јас лично бев во Софија на меѓународна конференција каде побарав средба со моите хомолози од страна на Бугарија. Има две заменички министерки и не ја добив таа средба. Има многу други обиди за средби кои не се реализираат или се само од формален карактер. Никаква суштина се разговара на тие средби, затоа што бугарската страна одбива да комуницира. За креативните решенија јас не би откривал детали затоа што тоа не е моја надлежност, но ние тие креативни решенија ги разговараме на сите средби со нашите европски партнери и голем дел на тие решенија се прифатливи за нив. Но се разбира треба да ги прифати и другата страна.

Околу ставот на ВМРО-ДПМНЕ, пред да дојде на власт, дека ќе се почитува Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија и дали денес има простор за репреговарање за нов договор, Димитровски вели дека тој лично не говорел за поништување на договорот, туку за изнаоѓање начини како да се надмине спорот.

„Да, кога станува збор за комплетната преговарачка рамка, во неа навистина има скриени мини и динамити кои утре ќе ни претставуваат пречка како можност за вето од бугарска страна и тоа е сосема извесно. И тоа извесно станува и за некои наши партнери како што е Германија на пример. На моја средба со државниот секретар на Германија Киркбаум во Берлин, тој ми кажа дека лично ќе се заложи Германија да побара да се изнајде механизам во Европа билатералните прашања, особено од идентитетски карактер да не можат да бидат основа за вето и дека таков механизам Германија ќе инсистира да се изнајде“, вели Димитровски.

Целиот разговор погледнете го видеото.