(Видео) Димитријевиќ: Политички пазар со ВМРО-ДПМНЕ нема, нека ги отворат сите случаи

🔴 „Граѓаните очекуваат сериозни реформи во сите сегменти. После трагедијата во Кочани се отвори една сериозна тема на нефункционалниот ситем. Лидерската средба којашто ја побара претседателот Филипче беше резултат на тоа, беше слушање на гласот на граѓаните дека треба да се седне на иста маса и да се постават одредени цели и правец по којшто ќе се движи државата. Тоа во одреден момент се реформи, во одреден момент болни резови коишто треба да ги направиме, но сите сме свесни дека тоа мора да го направиме се со цел системот да профункционира. Тука не станува збор за некакво политичко пазарење, ниту за било што во тој правец. Јасните сигнали и на нас како партија се дека бараме тотално неселективна правда, дека бараме тотално отворање на сите случаи и кои се во интерес на јавноста“, вели Димитријевиќ.

„Ставот на СДСМ и на Венко Филипче секогаш бил одговорен така и во случајот со уставните измени. Нашиот став е константен и немаме дилема дека местото на Македонија е во европското семејство и затоа мора сериозно да се работи“, изјави во „Трилинг“, генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ говорејќи за пораката која претседателот на СДСМ ја испрати од Брисел – Уставни измени веднаш, со целосна подготвеност одговорноста да ја преземе на себе.

„Од другата страна гледаме сериозно закочување на процесот и поради тоа како одговорна и државотворна партија сметаме дека треба да дадеме одреден предлог за целиот тој процес да се откочи, вели Димитријевиќ и додава дека ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт со сериозни ветувања околу ЕУ процесот.

„Добро паметиме дека освоија сериозен број на гласови со реториката дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, дека ќе обезбедат подобри услови и дека тој процес на приближување на Македонија кон ЕУ ќе се движи забрзано. Но веќе речиси една година од нивното владеење гледаме дека нема никаков резултат и не само што нема резултат, туку гледаме и една безидејност во рамки на решавање на процесите коишто треба да доведат Македонија да биде дел од тоа европско семејство“, вели Димитријевиќ.

Околу фијаското на последните парламентари избори, генералниот секретар на партијата вели дека се свесни дека ја платиле цената за некои процеси кои се одвивале во државата, но и дека кредибилитетот го црпат од одговорност за учество во процесите кои би ја одвеле Македонија таму каде што и е местото.

„Целта на крај е подобар живот за сите граѓани. Од тие причини сметаме дека е одговорно и дека е државнички да понудиме одредени решенија и цврсто да стоиме позади тие решенија без разлика за тоа каква политичка цена ќе плати дали претседателот на партијата или ние како ново раководство, вели Димитријевиќ.

Фото: Трилинг / Александар Димитријевиќ

Говрејќи за средбата Филипче – Мицкоски, Димитријевиќ вели дека таа произлегла од јасниот сигнал на граѓанството.

„Граѓаните очекуваат сериозни реформи во сите сегменти. После трагедијата во Кочани се отвори една сериозна тема на нефункционалниот ситем. Лидерската средба којашто ја побара претседателот Филипче беше резултат на тоа, беше слушање на гласот на граѓаните дека треба да се седне на иста маса и да се постават одредени цели и правец по којшто ќе се движи државата. Тоа во одреден момент се реформи, во одреден момент болни резови коишто треба да ги направиме, но сите сме свесни дека тоа мора да го направиме се со цел системот да профункционира. Тука не станува збор за некакво политичко пазарење, ниту за било што во тој правец. Јасните сигнали и на нас како партија се дека бараме тотално неселективна правда, дека бараме тотално отворање на сите случаи и кои се во интерес на јавноста.

-Навистина ми е многу жал што мораше да се случи една ваква трагедија за да се свестиме дека како општество мора да почнемe да ги менуваме работите, вели Димитријевиќ и додава дека мора да се работи на креирање на систем за сите идни генерации, да се спречи било каков вид на трагедии. Системот може да го креираме само доколку имаме искрени и чесни намери.

Говорејќи за претстојните локални избори, Димитријевиќ вели дека СДСМ прави широки консултации со членството и онаа флоскула која во минатото е употребувана – дека СДСМ во минатото ја научила грешката, сега се спроведува на дело.

„СДСМ почнува интензивни подготовки за локалните избори, започнати сме со програмскиот дел, прибираме предлози од членството, симпатизерите, граѓаните кои треба да бидат вметнати и ние како партија ќе излеземе со најдобрата и програма и персонални решенија на наредните локални избори.

-Во целиот изминат период покажавме дека СДСМ е целосно консолидирана партија и по хоризонтала и по вертикала, вели Димитријевиќ.

Фото: Трилинг / Александар Димитријевиќ

За тоа кои се адутите на пример во Скопје, Центар, Карпош, Струмица, Битола и тн., генералниот секретар на СДСМ вели дека се прават сериозни анализи и анкети на сите потенцијални имиња.

„Ќе го избереме најдобриот кандидат секаде и ќе ја имаме најдобрата понуда секаде.

-Нема да дозволиме повторно на Град Скопје да му се случи цунами како што му се случува во изминатите три ипол години и е во никогаш полоша состојба, иако ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот, иако ја поддржаа градоначалничката.

-Секаде каде што имаме чиста ситуација час поскоро ќе излеземе со решенија пред граѓаните. Можам да кажам дека и покрај сите притисоци коишто ги врши централната власт врз општините кои имаат градоначалник од СДСМ, на дело се покажува дека општините кои се раководени од нашите градоначалници, во изминатиов период имаат најголема реализација и на капитални проекти, но и на решавање на сите други проблеми.

За тоа со какви притисоци се соочуваат градоначланиците на СДСМ од извршната власт, Димитријевиќ ги спомна примерите со Струмица, со Крива Паланка.

„Секаде каде што има градоначалници од СДСМ нема никаква поддршка и помош од страна на централната власт, напротив само притисоци и уцени кон тие општини“, вели Димитријевиќ.

Околу идејата која провејува во политичките кругови дека можни се заедно со локалните и предвремни парламентарни избори, Димитријевиќ вели дека СДСМ како партија е спремна и добро структуирана и спремна за избори кога и да дојдат.

Целото интервју со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ погледнете го во видеото.