(ВИДЕО) Дигиталната писменост е вештината на 21-от век, исто важна како читањето и пишувањето

➡ ИТ едукација за деца не е само учење на програмирање или користење на компјутер, туку целосно развивање на дигиталната писменост. Тоа значи децата да се научат безбедно и креативно да ја користат технологијата, да ја разбираат улогата ИТ во секојдневниот живот. На овој начин тие развиваат критичко размислување, упорност и тимска работа - вештини кои ќе им бидат потребни и надвор од технологијата.

Кога зборуваме за ИТ едукација за деца не мислиме само на учење на програмирање или користење на компјутер, туку целосно развивање на дигиталната писменост. Тоа значи да научиме децата безбедно и креативно да ја користат технологијата, да ја разбираат улогата ИТ во секојдневниот живот. На овој начин тие развиваат критичко размислување, упорност и тимска работа – вештини кои ќе им бидат потребни и надвор од технологијата, вели Марко Ѓорѓиев, software developer и предавач во Семос едукација.

Mарко Ѓорѓиев, software developer и предавач во Семос едукација

Неговата колешка Тамара Илиева, advanced backend инженер и исто така предавач во Семос едукација се надоврзува дека „дигиталната писменост значи децата да не бидат само корисници на технологијата, туку да знаат како безбедно паметно и креативно да ја користат“.

Тамара Илиева, advanced backend инженер – предавач во Семос едукација

-Тоа е новата вештина на 21-от век, исто важна како читањето и пишувањето. Поконкретно би кажала дека тоа значи да може паметно и безбедно да се снајдат во дигиталниот свет, односно да разликуваат точни од неточни информации, да знаат да ја искористат технологијата за учење и за работа на ефективен начин, да можат да си ги заштитат своите податоци и најважно од се кога технологијата е корисна, а кога треба да се исклучат.

Кратката обука овозможена од Семос едукација за магазинот „Трилинг“ може да ја погледнете во видеото