(Видео) Денвер е на една победа од НБА титулата

Денвер нагетс утринава славеше на гостувањето кај Мајами со 108:95 и сега води со 3:1 во победи во големото НБА плејоф финале.

На Денвер му треба уште една победа за да стигне до историската прва НБА титула. Следниот меч се игра во понеделник навечер и тоа во Денвер, што значи дека Нагетси ќе може на свој терен да ја прослават титулата.

Никола Јокиќ го одигра наслабиот меч во ова финале и заврши со 23 поени, 12 скока и 4 асистенции. На почетокот на мечот, Јокиќ незгодно доскокна и со свитка зглобот на ногата, па неколку минути беше надвор од теренот, но потоа се врати и покажа дека повредата не е сериозна.

Со билансот од последниот меч, Јокиќ во плејофот има 500+ поени, 250+ скока и 150+ асистенции.

Во 77-годишната историја на НБА плејофот, Јокиќ е прв играч кој има вакви бројки. Ако Денвер успее да победи и во следниот меч, на Јокиќ ќе му бидат потребни 14 асистенции, за да биде првиот кошаркар кој успеал во финалето на плејофот да има просек од трипл-дабл.

Денвер од самиот почеток имаше контрола на резултатот. Гостите водеа со 18:11, а во втората четвртина највисоката предност им беше девет поени (54:45). Константно водеше Денвер и во третата четвртина, во еден момент и со 81:70, а гостите рутински ја задржаа предноста во решавачките 12 минути и стигнаа до 3:1 во победи во големото НБА финале.