Пропалестински демонстранти денеска се искачија на покривот на зградата на австралискиот Парламент во Канбера и развирија транспаренти. На еден од нив пишуваше дека Палестина ќе биде слободна, обвинувајќи го Израел за воени злосторства, покажуваат ТВ снимките.
На снимките се гледаат луѓе облечени во темна облека на покривот на зградата, како развиоруваат црни транспаренти, меѓу кои и оној „од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, вообичаен слоган на демонстрантите за Палестина.
🚨#WATCH: As Pro-Palestine protesters climb onto the roof of the Parliament House in Canberra, Australia.
Several hours ago, Pro-Palestine protesters bypassed security and climbed onto the roof of the Parliament House in the capital city of Canberra,… pic.twitter.com/2FJnmLJEjp
— R A W S G L 🌎 B A L (@RawsGlobal) July 4, 2024
Еден од демонстрантите го започна говорот користејќи мегафон и обвинувајќи ја израелската влада за воени злосторства, обвинение што таа го негира.
„Нема да заборавиме, нема да простиме и ќе продолжиме да даваме отпор“, рече демонстрантот.
Неколку полицајци и чувари ги советуваа луѓето да не одат директно пред демонстрантите на главниот влез на зградата, но се чини дека немаше обид за отстранување на демонстрантите