Двајца мажи на возраст од 26 и 34 години биле извлечени живи од рушевините во градот Антакија, по цели 261 час од почетокот на земјотресната катастрофа, соопштија спасувачки екипи од Турција.
Информацијата ја емитуваше денеска телевизијата Си-Ен-Ен Турција, нарекувајќи го спасувањето како „двојно чудо“.
Едниот од мажите инсистирал да телефонира со роднините веднаш по извлекувањето, објави на Твитер турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Телефонски повиканиот роднина од радост бил облеан во солзи, што е документирано на видео снимка.
Спасениот човек, по пружањето првична медицинска помош во монтажна болница, е пренесен во медицинска установа, напиша Коџа на Твитер.
Hatay’da enkaz altından 261’inci saatte, bu gece kurtarılan Mustafa, tıbbi müdahalenin ardından ilk olarak, telefon numarasını hatırladığı bir yakınını aradı. Kardeşimiz Mustafa’yı bu kadar iyi görmekten çok mutluyuz. pic.twitter.com/t0jrmH0M6r
— Dr. Fahrettin Koca (@drfahrettinkoca) February 16, 2023