Македонија ја очекуваат избори. На 24 април и 8 мај граѓаните на Македонија ќе може да заокружат кој кандидат ќе го одберат на престојните претседателски и парламентарни избори.
На овие прашања вечерва разговараме со првиот човек на ДИК, Александар Даштевски.
Според последните ажурирања бројката на гласачи е 1.801.760 гласачи. Како што знаеме избирачкиот список е сосема различна категорија од пописот, не може да се изедначува во ниедна смисла на зборот. За избирачкиот список е задолжена ДИК и на 4 месеци добива податоци од МВР, а на дневна основа добива податоци од матичната книга за водење евиденција, а на 4 месеци добива податоци од основните судови за одземање или враќање на деловната способност на некои лица, започнува Даштевски.
Тој додава дека изборниот список е јавно достапен, а грѓаните може да пријават за истиот да се ажурира.
Даштевски вели дека допрва ќе работат поинтензивно на темата ажурирање на избирачкиот список.
На новинарско прашање „кој ќе ги контролира парите кои нелегално доаѓаат кај партиите“ тој е песимист дека нешто може да се смени во однос на финансирање на кампањите.
Од тоа што го слушам на медиумите сега нема да дојде до промена на законот, ќе остане исто како на минатите избори за финансирање на кампањата, вели Даштевски.
Во однос на дали ќе се постигне цензус околу изборот на претседател, тој вели дека верува дека ќе биде обезбеден.
Кога избори се одржуваат заедно полесно се обезбедува цензус. Цензусот е според во вториот круг. Ако излезат за парламентарни избори граѓаните биде полесно. Сметам дека ќе има цензус на овие избори, потенцира Даштевски.
Тој се жали дека ДИК нема нови кадри, а објаснува дека треба да добијат решение од Министерството за финансии.
ДИК нема доволно кадровски потенцијал. Тоа е забелешка и на ОБСЕ. Очекуваме, но не добиваме решение од Министерството за финансии да вработиме нови кадри, многу луѓе си отидоа дека добиваат повисоки функции на други места. Нашиот стручен тим ќе може да ангажира стручни лица во одредени области кои ќе ни помогнат каде немаме доволно кадри, додава тој.
За неговиот имот во Грција вели дека тој е на мајката на неговата жена и додава дека во прашање се приватни работи и во прашање е наследство.