Американскиот Стејт департмент денеска ги стави на црната листа поранешниот вицепремиер на Северна Македонија Артан Груби и судијата за Апелационен суд, Енвер Беџети.
Оваа одлука беше објавена на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ден кој има за цел да ја зголеми свеста за важноста на борбата против корупцијата на глобално ниво, и во пресрет на Денот на човековите права, што ја истакнува важноста на основните права и слободи за сите луѓе.
Дали оваа вест во емисија ја дознаа и министрите Бујар Османи и Арбер Адеми, откако медиумите објавија дека Артан Груби е ставен на црната листа на САД?
Моментот кога Бујар Османи и Арбер Адеми сфаќаат дека Груби е ставен на американската црна листа… https://t.co/pkodKu3lIY pic.twitter.com/kqUEwoNhpI
— ☀ М (@arozgj) December 9, 2024