(Видео) Грозданоски најави можна кандидатура во ДПМ: Со Петрески имавме недостиг на комуникација!

Македонскиот писател и книжевен преведувач Живко Грозданоски кој на претходните избори беше кандидат за претседател на Друштвото на писатели на Македонија е еден од нашите вечерашни соговорници на „Трилинг“.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески оваа недела и официјално поднесе оставка, па тоа беше и првото прашање во нашиот разговор, на што Грозданоски вели дека главен проблем при раководењето на Петрески бил недостигот на комуникација.

Не би одел кон причините, показател за тоа беше самата репутација на друштвото на писателите кое во последниве 20 години беше во констатна ерозија кој кулмирацише со овој срам кој го имавме изминативе две недели. Немањето разговор, немањето комуникација и меѓусебно разбирање беше причината што ја прели чашата во ДПМ, вели Грозданоски.

Проблемите во ДПМ Грозданоски ги оценува како нешто што е со почеток уште од 90-те. Тој потенцира дека важен момент во ДПМ е промената на статутот.

За во иднина според него ДПМ има сјајна перспектива.

Некои мои пријатели ми велат ти си премногу идеалист, започнува тој и вели дека не може да се задоволи со медиокритетот.

Не ја отфрла можноста за да се кандидира за претседател на ДПМ.

Можно е да се кандидидирам за позиција во ДПМ, вели тој.

На оваа тема разговаравме и претходната емисија со Фросина Пармаковска, тоа може да го изгледате ТУКА.