(Видео) Гореше куќа во Кочани, спречена е катастрофа!

Куќа се запали во Кочани, а брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа.

Куќа се запали во Кочани, а брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа. Радио Кочани објави снимки од кои се гледа дека се интервенира со две противпожарни возила.

Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против пожарно друштво.

Истрагата за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот сѐ уште не е започната. На снимката се слуша паника меѓу луѓето кои се во непосредна близина.