(Видео) Голот против Кремонезе Елмас го посвети за поддршка на Турција

Елиф Елмас постигна гол и ја запечати победата на Наполи над Кремонезе, триумф со кој „наполитанците“ дополнително побегнаа од првиот „близок“ ривал за титулата во Серија А.

Македонскиот репрезентативец постигна фантастичен гол, по кој имаше емотивна прослава.

Елмас е врзан со Турција како земја, па при прославата на погодокот, не пропушти шанса да испрати поддршка за сето она што се случи таму изминатиот период.

Бројот на починати лица од разорниот земјотрес секој ден расте, а своето жалење за случувањата го потенцираше Елмас, кој испрати јасен симбол и со раце го прикажа знамето на Турција.

Гестот на Елмас наиде на голем поздрав од фудбалските фанови од Турција.