(Видео) Голем пожар во кинески ресторан во Белград, 50 пожарникари се на терен

Во кинескиот трговски центар лоциран во блок 70 во Нов Белград утринава избувна пожар. Причината за пожарот се уште не е позната, огромен чад го прекрил целиот блок, а на терен излегле повеќе од 50 пожарникари.

На местото на настанот се упатени над 50 пожарникари-спасувачи со 13 возила, а интервенцијата е во тек.

Според тамошните медиуми на местото на пожарот се слушнала експлозија.