Две лица се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето на југот на Италија, јавија локалните медиуми.
Силно невреме во изминатите два дена ги зафати северните и централните делови на земјата . Во некои јужни делови, вклучувајќи го и регионот Кампанија, имаше и поплави.
Властите соопштија дека две лица се водат за исчезнати во Таланик, откако почнал одронот.
Неофицијално станува збор за мајка и нејзиниот син.
Пожарникарите и безбедносните сили учествуваат во операциите за пребарување и спасување.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат потопени куќи и продавници, додека некои возачи се заглавени во своите возила на патиштата погодени од поплави и одрони.
Landslide in southern Italy leaves woman and son missing, feared dead#Maltempo #Caserta #vigilidelfuoco #italy #Landslide pic.twitter.com/WLkjWQAMLO
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) August 28, 2024