Бизнисменот и сопственик на Еко Логистик Сервис, Игор Гешовски вечерва беше гостин на „Трилинг“ и со него дискутиравме на актуелните теми поврзани со стопанството и домашните инвестиции.
Денес имаме посуров пример на владеење каде се донесе закон за амнестирање. Ако јас сега направам обид или успеам да украдам ќе бидам многу повеќе казнат доколку ако бидам функционер. Ако сум функционер ќе бидам ограничено казнет, со можност да застари делото, знаеме како работи судот, започнува Гешовски.
За капиталните инвестиции тој потсетува дека оваа власт велеше дека предност ќе даде на сопствените компании, а кај нас се случува обратен процес.
Кај нас се случува обратен процес, државата наместо да даде предност на домашните дава на странските компании, вели бизнисменот.
За Чебрен вели дека морало доминантен да биде нашиот наместо странскиот удел, лапсуз се прави со фотоволтаиците.
Гешовски вели дека немале притисоци од париите, но сепак нема очекувања од нив.
Системот е отруен, без разлика кој и да победи на следните избори нема ништо да направат. Ние во Македонија имаме сериозен егзодус на млади и паметни луѓе, ќе се доведеме до ниво да увезуваме работно сила. Еве видете ја Србија, има поголем увоз на сила, ние касниме веќе со тоа, заклучува тој.