
(Видео) Георгина го почести Роналдо со скап автомобил
Кристијано Роналдо нема да го памети со задоволство последното Светско првенство во фудбал, бидејќи Португалија беше прерано елиминирана и на последните два натпревари чекаше прилика од клупата за резерви.
За малку да го утеши, неговата партнерка Георгина Родригез решила да му подари скап автомобил за Божиќ.
Познато е колку Кристијано сака автомобили, а овој подарок од Георгина сигурно ќе заземе посебно место во гаражата.
Таа на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека на Роналдо му купила нов автомобил, а Кристијано и се заблагодарил за тоа преку стории на социјалната мрежа.
На Роналдо му купила нов модел на „Ролс Ројс Фантом“, кој ја чинел околу 250.000 фунти.
View this post on Instagram