
(Видео) Георгиев: Моќта која е во власта има тенденција да се корумпира
🔴 „Неказнивоста убива. Фигуративно и за жал буквално“ е констатацијата на поранешниот член на Антикорупциската комисија Владимир Георгиев, говорејќи за фактот дека голем број на прекршители на законот, дали од кривично-правен аспект, во смисла на сообраќајни несреќи или од аспект на корупција ретко се осудувани на онаа затворска казна којашто навистина требало да им се изрече согласно Кривичниот законик. 🔴 -Во сите тие анализи што ги направивме утврдивме дека воглавно инспекторите изрекуваат глоби од неколку стотина евра што веднаш сопствениците ги плаќаат, но тука застануваат инспекциите. И да немаат лиценци се дозволува поголем број од тие дискотеки, кабареа да профолжат со својата работа. Е тука е она што се случило во Кочани. Сакам да кажам дека доколку сите би си ја вршеле својата работа, инспекциските служби, тие што ги даваат лиценците, па и полицијата во конкретниот случај, како можело да се дозволи таков еден локал да работи. Тоа се сериозни делиме кои се надеваме дека во оваа фаза ќе бидат решени, вели Георгиев.
„Неказнивоста убива. Фигуративно и за жал буквално“ е констатацијата на поранешниот член на Антикорупциската комисија Владимир Георгиев, говорејќи за фактот дека голем број на прекршители на законот, дали од кривично-правен аспект, во смисла на сообраќајни несреќи или од аспект на корупција ретко се осудувани на онаа затворска казна којашто навистина требало да им се изрече согласно Кривичниот законик.
„Сето тоа не доведува до ситуација да имаме нелогични пресуди, пред сѐ за јавноста, од аспект на тежината на кривичното дело што е сторено со она што е понатаму досудено. Имаме прекршоци односно кривични дела за кражба многу помали а се носат поголеми санкции.
-За конкретниот случај со судијата Ферати ние во текот на 2023 година во рамките на еден предмет којшто се однесуваше на проверка на полагање на правосуден испит за идните судии и обвинители коишто се запишуваат во Академијата, дали ги исполнуваат условите. Пред сѐ во тој период имаше наоди дека еден факултет од Тетово издава уверенија за VII / I завршени студии иако се однесуваат само за 180 кредити. Ние тогаш го задолживме Државниот просветен инспекторат да направи увид во документите на сите пријавени кандидати за тие генерации во Акадамијата, пришто произлезе и овој случај дека судијата Ферати немал доволно високи оценки, оној просек над 8 којшто е доволен за да се запише на академијата. Утврдено е дека четири предмети се преполагани со пречкртување на самите оценки во неговиот Индекс и утврдено е дека не постојат ни барања, ни решенија за преполагање, ниту пак има доказ дека тој ги преполагал тие четири испити. Нас не извести самиот просветен инспекторат дека за тоа го известил Обвинителството и по тоа известување всушност обвинителот постапува, за да еве сега разбереме дека Обвинителството го запрело постапувањето по тој предмет бидејќи утврдило дека тој кандидат веќе ги имал преполагано тие испити.
-Сега се постапува едно прашање како Просветниот инспекторат во 2023 година (јуни, јули) утврдил дека ги нема тие четири испити полагано, а сега излегува со наоди дека има докази дека ги полагал, вели во магазинот „Трилинг“, Георгиев.
За тоа кој го толерира сето ова и каде се пропустите, Георгиев смета дека тоа е еден ланец на контролни механизми кој секој би требало да го применува, првенствено во Министерството за правда, како им се дозволувало на тие стотина кандидати да полагаат правосуден испит без да имаат соодветен број на бодови.
„Истото тоа се однесува и на Академијата на судии и обвинители. Веројатно требале и тие да извршат дополнителна контрола на сите прибрани документи затоа што тие воспоставија еден механизам на целосни и детални контроли на сите кандидати, сѐ со цел да се изберат најдобрите кандидати што ќе бидат идни судии и обвинители. Но очигледно е дека овие пропусти се направени, вклучувајќи го и роднината на поранешниот спикер на Собранието.

Говорејќи за укажувањето на професорот од Правниот факултет, Дескоски, дека пред 10 години владата на Груевски законски дозволила да се преполагаат испити и по дипломирањето и која диплома важи, и зошто ако веќе тоа е дозволено зошто не се прави пред соодветна Комисија, Георгиев вели дека не ги знае сите детали околу начинот како се врши тоа преполагање, но смета дека мора да има утврдено процедура и да има соодветна документација за сето тоа што се случува и сето тоа да биде ставено во досијето на кандидатот.
„Вака Просветниот инспектор еднаш наоѓа празна фасцикла, ги нема тие документи, има само прешкртани оценки, а понатаму испорачува дека има такви документи. Тоа треба да се утврди во некоја оперативна истрага. Но за жал кај нас се е можно“, потенцира Георгиев.
Околу податокот дека се почесто се соочуваме со селективна правда, неказнивост поранешниот антикорупционер вели дека во мандатот од 2019 до 2024 година кога тој ја вршел функцијата, ДКСК поднела голем број на кривични пријави до ЈО (околу 60).
„Во последниот период гледаме дека неколку од тие кривични пријави се афектуираат во правосудството односно во ЈО. Сега тоа наметнува едно друго прашање, односно дали се чека да има можеби промена на власта па тие лица (коруптивни случаи) кои веќе не се на позиција па на Обвинителството му е полесно да постапува против истите. Тука морам да спомнам едно истражување што го направи ОБСЕ во соработка со ДКСК во 2023 година кое се однесуваше на ставови на самите судии и обвинители во однос на нивното постапување – Колкаво е влијанието на политичарите, на извршната власт пред сѐ, на бизнисите и на другите структури во нивните редови врз нивното одлучување. Околу 50%, тоа се ставови, тоа не е прецепција, на самите судии и обвинители кажаа дека има големо влијание од страна на извршната власт. И јас сметам дека големо влијание има политиката, односно политичките партии, извршната власт пред сѐ врз постапувањето на судските органи, вели Георгиев.
-16-17 години речиси ниту една иницијатива која во меѓувреме е продуцирана од ДКСК до Обвинителството немала ниту јавно-обвинителско застапување, ниту судска пресуда, за конечно 2020-2021 дел од нашите иницијативи веќе да почнат да се процесуираат, но претпоставувам дека големо влијание тука има и притисокот на меѓународната заедница и на јавноста врз Обвинителството. Еден од предметите што е сега во судска процедура, но сепак сѐ уште не е завршен е оној предмет што го имавме за спортските ваучери и за директорите на Агенцијата за млади и спорт. Тој предмет го изработивме, две години работевме, го доставивме до Обвинителството и обвинителката сериозно се зафати со предистражни постапки и сега тој е во постапка.
-Но тука јас би се навратил на уште еден момент, не само на кривичните иницијативи. Каде се сите оние иницијативи за одговорност што ДКСК ги доставува до Владата, што се од некривичен аспект? Значи пред сѐ иницијативи за одговорност, односно за разрешување. За истиот директор на Агенцијата за млади и спорт за кој што ЈО сега води судска постапка, ние доставивме иницијатива за разрешување во смисла дека тој работел несовесно што се потврди и со ревизорски извештај. Владата тогаш не најде никаква одговорност кај ова лице. Истото се случува и во 2019 кон вицепремиерот за европски прашања, кој ја искористи својата позиција да се намалат одредени царини за литиум и јонски батерии од кои што неговата сопственост во фирмата имаше бенефит, но Владата не најде тогаш никаква одговорност за судир на интереси кај ова лице, за четири години подоцна, на крајот на 2023 година САД, односно Стејт департментот овој функционер го стави на Црната листа со точно образложение дека ја злоупотребувал својата функција и позиција во времето кога бил член на владата за личен бенефит“, вели Георгиев и додава дека се она што ДКСК го продуцирале со наоди со незаконитости, неправилности едноставно како да тоне во жив песок.

За тоа зошто најчесто властите се имуни на вакви препораки, сугестии одлуки на антикорупционерите, Георгиев вели дека праксата покажува дека моќта која е во власта има тенденција да се корумпира, а со самото тоа таа сака да има влијание пред сѐ во правосудсните органи, односно оние кои го даваат конечниот рез.
Говорејќи за системските и институционални слабости што доведоа до катастрофата во Кочани, Георгиев вели дека ДКСК во 2023 година по основа на пријава од „свиркач“ направиле анализа на постапувањето на постапувањето на Државниот пазарен инспекторат, колку тие инспектори кога одат во контрола ги гледаат документите дали имаат лиценци, сертификати и тн., и врз основа на тоа какви мерки понатаму преземаат.
„Во сите тие анализи што ги направивме утврдивме дека воглавно инспекторите изрекуваат глоби од неколку стотина евра што веднаш сопствениците ги плаќаат, но тука застануваат инспекциите. И да немаат лиценци се дозволува поголем број од тие дискотеки, кабареа да профолжат со својата работа. Е тука е она што се случило во Кочани.
-Тогаш дадовме иницијатива до Инспекцискиот совет да ги санкционира овие инспектори, дека тие фактички не си ја завршуваат до крај својата работа. Ако утврдите дека некој нема лиценца не може само да го казните, а тој да може понатаму да работи. Но до завршувањето на нашиот мандат ние не добивме одговор. Сакам да кажам дека доколку сите би си ја вршеле својата работа, инспекциските служби, тие што ги даваат лиценците, па и полицијата во конкретниот случај, како можело да се дозволи таков еден локал да работи. Тоа се сериозни делиме кои се надеваме дека во оваа фаза ќе бидат решени, вели Георгиев.
Целото интервју во кое Георгиев говори и за формираното меѓуресорско тело за борба против корупцијата (ДКСК, МВР, ЈО, Царина, УЈП, Финансиска полиција, МФ, Министерство за правда), погледнете го видеото.