„Многу е побитно да се регистрира емоцијата, отколку да се документира фотографијата. Од било каков настан секогаш има една фотографија која најдобро го илустрира настанот. Ако фотографијата има и порака – тогаш сте ја постигнале вашата цел“ вели фотографот Томислав Георгиев, добитник на наградата „Никола Младенов“ во најновото издание на Трилинг.
Георгиев вели „политичарите на социјалните мрежи претераа во тие самопромоции. Некогаш мора да се документира нештото на најточниот начин, некогаш имате своја емоција. Фотографијата може да пренесе погрешна или лажна вест. Вештачката интелегенција сега генерира такви фотографии што обичен гледач не може да оцени дали се вистински, или не“.
На прашање дали во Македонија има медиумски папараци и колку нашите политичари, бизнисмени, актери, уметници сакаат да бидат фотографирани или преферираат да си ја задржат приватноста вели „сметам дека сепак сакаат да си ја задржат приватноста. Дистинкција за јавна личност, кај нас политичарите се јавни личности“.
Битолчанецот Георгиев се откажал од Електротехничкиот факултет за да се занимава со фотографија. На прашање дали професијата фотограф постепено е во изумирање, ќе рече:
„Не се сложувам, можеби во некаква модификација. Сега мобилните телефони станаа мини камери со сериозни резолуции, ама мене хобито ми стана професија. Новинарството влегува под кожам станува пасија, многу го сакам тоа што го работам, го работам со толку многу страст. Фотографите може 8 часа да чекаат само за да направат една фотографија“ вели Георгиев.
Трилинг: Што се треба еден фотограф да долови од еден иден пратеник, иден претседател на државата?
„Автентичната фотографија секогаш го наоѓа својот пат, сакам да видам фотографии што имаат емоција, што раскажуваат некоја приказна. Ако фотографиите не кореспондираат со пораката на политичарите, ја утнале темата“ вели Георгиев.