(Видео) Георгиевски со предлог до Мицкоски и Борисов како да се реши историско-политичкиот јаз
„Мислам дека сето тоа ни беше јасно и претходно, меѓутоа некои кругови од страна на владата, некои министри кажуваа дека, еве се разговара со ЕУ, ќе има ново репреговарање на условите, иако сето тоа изгледа како илузија. Со најновиот извештај мислам дека на секој му стана јасно. За жал, претходно со одделувањето со Албанија, некако Македонија како да остана во слепа улица и покрај тоа што имаше малку некоја атмосфера дека можеби ќе има ново преговарање“, истакна Георгиевски.
Недела во која Брисел го испорача новиот извештај за Северна Македонија за напредокот на државата и речиси вообичаено истите пораки – неопходност од спроведување на уставните промени и реформи во правосудниот систем.
На овие и други теми разговаравме со поранешниот македонски премиер, Љубчо Георгиевски.
„Мислам дека сето тоа ни беше јасно и претходно, меѓутоа некои кругови од страна на владата, некои министри кажуваа дека, еве се разговара со ЕУ, ќе има ново репреговарање на условите, иако сето тоа изгледа како илузија. Со најновиот извештај мислам дека на секој му стана јасно. За жал, претходно со одделувањето со Албанија, некако Македонија како да остана во слепа улица и покрај тоа што имаше малку некоја атмосфера дека можеби ќе има ново преговарање.
-Денеска е јасно дека условот е тој. Ако добро разбрав ЕУ бара и Словенците да ги додадеме во Уставот. Значи ако претходно имаше пет или шест етноси кои треба да ги внесеме во Уставот, сега има плус. Нема трагедија во тоа. Откако излезе тој проблем, постојано сум кажувал, трагедијата ја правиме самите ние, нема драма во целата приказна. Драмата сами ние ја правиме. Патот на Македонија кон ЕУ никогаш не бил идеален, меѓутоа, но овој пат чувствувам една тотална закоченост, тотално наоѓање во слепа улица и што е најлошо не гледам простор за оптимизам. Мислам дека тука самите ние си го рпавиме проблемот“ ,изјави Георгиевски на прашањето дали пораката од Брисел за неопходноста од уставни промени Мицкоски треба да ја сфати како отрезнувачка и дека не треба веќе да се губи време и конечно да се спроведат потребните уставни промени и внесување на Бугарите во Преамбулата.
„Оваа Влада вика вака не може, вака не прифаќаме. Треба да ни кажат како може. На крајот на краиштата, луѓето гласале за нив толку убедливо, затоа што верувале дека можат да направат ннешто што другите не го направиле. Јас не гледам дека ние од оваа ситуација, начинот на кој владата ја води цела оваа проблематика, сметам дека ќе излеземе брзо, освен ако не направат, не најдат храброст и да направат брз преокрет, како што го направивме со Грците. Сметам дека има простор за брза промена на политиката, затоа што навистина во приказната нема трагедија“, додава Георгиевски и вели дека го изненадува што во Македонија се пласираат две тези.
„Прво, што ќе ни е ЕУ, а втората теза е во круговите на ВМРО, дека што и да направиме, ние во наредните четири години нема да влеземе во Унијата. Да, но тука има два одговори. За таа теза што си ја шират внатре во владејачката структура, сакам да потсетам дека во изминативе 33 години независност и сувереност, секој премиер и секоја Влада, правеле нешто за да направат еден чекор кон ЕУ. Ние кога дојдовме на власт, ЕУ имаше став Западен Балкан воопшто да не влегува во ЕУ. Тој пробив го направивме ние, имавме среќа со НАТО бомбардирањето на Милошевиќ и одеднаш Еу рече ја менуваме политиката, од утре Западен алкан ќе преговара за влез во Унијата. И Македонија прва го стави потписот и прва направи договор за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Ние кога го направивме тој ќекор, не мислевме дека за идните четири години ќе влеземе во ЕУ. Знаевме дека влегувањето ќе биде после 20 години. Но сме направиле еден чекор и мислам дека сите влади до сега проваеа некој таков чекор. И одеднаш сега ние имаме кочница на патот.
-Околу првата теза, што ќе ни е ЕУ, ќе ви кажам неколку примери. Актуелната Влада позајмува 500 милиони евра и сега ги дели на општините. Неодамна, читав еден хрватски портал, точно во исто време кога ние го земавме кредитот, ЕУ донесе заклучок дека на хрватските општини ќе им бидат доделени 600 милиони евра грантови за проекти на општините. Значи каде е разликата? Овде ние земаме кредит за да им дадеме пари на општините, во земјите на ЕУ добиваат грантови, многу поголеми од тие што можеме да земеме како кредит. Ние земаме кредити за да правиме железници, автопатишта, во ЕУ земаат грантови за да ги прават истите тие патишта. Нашите земјоделци конкурираат за субвенции во владата, земјоделците во ЕУ конкурираат во Брисел и тоа пет пати поголеми суми добиваат. Ако треба на некој се уште да му се објаснува во Македонија што е тоа да бидеш членка на ЕУ, имаме работа со една погрешна ориентација на македонскиот граѓанин, смета Георгиевски.
„Во светот на политиката се може да се преговара. Но мене стилот што го наметнуваат македонските политичари – на ароганција, понижување, не ми личи дека тој од другата страна ќе го одобровилиш да репреговара нешто. Ние имаме ситуација каде бугарската политика до ветото беше многу агресивна, патреналистичка према Македонија. Сега гледаме дека они се релативно смирени, а ние сега, од наша страна, продаваме нарцисоидност, агресивност, па дури и безобразлук, вели Георгиевски додава дека има едно едноставно правило: Тој што го молиш, не му мати.
„Значи ако сакаш да да репреговараш нешто, не се репреговара за да собираш поени во Македонија, туку се репреговара тивко.
Кога вице-премиерот Николоски вели дека Бугарите се нецивилизирани, а Бојко Борисов е криминалец, човек осомничен за сомнителни зделки, а од другата страна од Софија добиваме одговор дека со ваков вокабулар не се оди никаде, дали е тоа реална конфронтација, Георгиевски вели дека, да, тоа е реална конфронтација, која што е непотребна од наша страна.
„Тука не е прашање дали сакаш вака или така. Еве како културен човек, ако набљудуваш што направивме ние, очигледно дека проблемот беше на наша страна.
-Ќе го кажам моето мислење за тоа што е дел од решението. Следејќи ја македонската политика, сметам дека дека сите политички партии и скоро сите политичари имаат единствен став – не е проблем да се внесат Бугарите во Уставот. Проблемот бил дали понатаму патот ќе биде извесен, дали Бугарија ќе го злоупотребува, бараме некакви гаранции. Нормално дека гаранции не можеме да добидеме, како што никој не добил до сега, но она што јас го размислува, можам да го понудам отворено, па ако сакаат и двете страни нека го користат. Мислам дека потребата за таа неизвесност произлегува од таа историска комисија, која и до сега го направи главниот проблем околу ветото. Јас лично сум давал 4-5 интервјуа и во Македонија и во Бугарија, за разлика од некои политичари се само овде силни, каде што кажувам дека начинот на кој е поставена историската комисија, прво не може да биде тоа основен услов за добрососедство на двете држави и второ, сметам дека од нивна страна се злоупотребува таа позиција, дека они се тие кои треба да диктираат како Македонија ќе оди понатаму“.
-За да се оневозможи таа ситуација историската комисија да ја диктира политиката меѓу двете држави и нашиот пат кон ЕУ, еве јас го давам следниот предлог, се надевам дека разумни политичари ќе најдат решение, но ние од наша страна не можеме да одиме со политика – немаме општа историја, немаме Бугари во Македонија, Бугарите не направиле ништо за Македонија, меѓу македонскиот и бугарскиот јазик нема ништо слично. Значи ние мораме повторно да влеземе во рамката што Заев ја потпиша, и потоа како би изгледало тоа. Значи наместо да се преговара години и ние да бидеме на некој начин зависни од таа историска комисија, јас би предложил целиот проблем да се реши за 2-3 месеци и ние таа неизвесност со таа историска комисија да ја решиме еднаш засекогаш. Како?
-До сега се уттврдија пет општи личности маѓу македонската и бугарската историографија. Треба да се седне и набрзина да се утврад уште 10 , 11, 12 настани или места коишто ќе бидат утврдени, да се донесе еден заклучок во кој Македонија ќе се обврзе, со јасни критериуми, секоја книга која се објавува во Македонија да биде објавена со оригинална содржина. Имаме тешки фалсификати во објавувањето на книгите. Може да се правиме луди дека тоа не е така, но тоа е фактичка состојба која мора да си ја признаме.
-Гледам постојано се инсистира на таа комисија која треба да ги испита колку се жртвите на антибугарската политика во бивша Југославија, односно во Македонија. Незнам зошто тоа не го направи Заев кога тоа они го бараат веќе десет години. И неможам да сфатам што е проблемот ако Македонија направи комисија, прво ќе добиеме аргумент на наша страна, затоа што бугарската официјална политика зборува за 23.000 жртви, некогаш 30.000, а има историчари кои зборуваат и за 100.000 жртви. Таа бројка не е таква, таа бројка е драстично помала, но и да се неколку илјдаи, што е проблем ние во Македонија да кажеме – еве комисија која ќе утврди дека после 1945 година луѓето се затворани, малтретирани, па дури и убивани затоа што имале бугарска самосвест. И горед – доле тоа да биде еден заклучок, а понаму историската комисија да си продолжи со дискусијата, но тоа да не биде услов за влегување на Македонија во ЕУ. Мислам дека на некои кругови во Македонија тоа ќе им изгледа премногу, на некои кругови во Бугарија ќе им изгледа премалку, но јас смета дека тоа е добар компромис за двете страни, потенцира Георгиевски.
„Оваа Влада, под паролата „Држете го крадецот“, нели Бугарија, прави србизација на македонскиот простор. Во македонската историја, Лазар Колишевски останал како мит за македонски политичар – србоман. Јас мислам дека оваа гарнитура ќе го надмине тоа“, вели за магазинот „Трилинг“, екс-премиерот Љубчо Георгиевски и додава дека во последните четири месеци додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт имаме три манифестации, едната е прослава на Брегалничката битка во Штип, втората е прославата на Кајмакчалан кај Гевгелија и пред недела дена прослава на Зебрењак. На сите тие манифестации има претставник на македонската Влада, обично тоа е потпретседателот, имаме македонско знаме и и маме македонски старешини. Имаме српски политичари, интелектуалци кои зборуваат за Македонија дека тоа е Јужна Србија, дека е стара Србија, Краљевина Југославија, се употребува терминот ослободување на Македонија, се употребува терминот ослободување на српскиот народ. Тука имаме комплетен молк на сите патриотски сили во Македонија, нем патриоти, сите се препарирани по тој проблем. Во времето на најтешката југословенска комунистичка држава ние имавме јасна позиција спрема Кралството Југославија и левицата и десницата викаа дека Кралска Југославија е зандана на народите. Кој ја смени таа историја на Македонија. Имаше историска комисија? Ја не можам да сфатам, пазете, во Македонија е прогласена најстаранаселба во Европа. Зарем не траба патриотската Влада на ВМРО-ДПМНЕ да направи посебен настан, да каже дека ако до сега сме одвојувале 3.000 евра, сега ќе одвоиме 300.000 евра, па ќе направиме туристички центар, ќе направиме меѓународна пропаганда туристи да доаѓаат луѓето и да гледаат каде е најстарата населба во Европа. И гледајте каков е тој молк за да не се замениме со Србите.
Дали е доволно објаснувањето дека бугарските пасоши најчесто се вадат за патување и бизнис интереси? Кога довчерашна бизнисменка, денес е министерка, ќе биде објавено дека се декларирала дека има бугарска самосвест, дали премиерот треба да ја разреши?
Целиот разговор во магазинот „Трилинг“ со поранешниот македонски премиер, Љубчо Георгиевски, погледнете го во видеото.