Новинарот, колумнист и писател Ѕвездан Георгиевски вечерва гостуваше во „Трилинг“ со кого дискутиравме на актуелните теми, ставајќи акцент на локалните теми, но накратко зборувавме и за геополитичките случувања.
Најпрво Георгиевски се осврна на актуелниот самит на НАТО, а тој додава дека Македонија е „небитна“ во Алијансата.
Ние сме таму само заради бројка и спречување на руско и кинеско влијание и чување на западни интереси на овој простор, вели Георгиевски за фотографијата на Ковачевски и Бајден и тековниот НАТО самит.
Со новинарот дискутиравме и за локалните теми, а таква беше и темата за расфрлането ѓубре и штрајкот во ЈП „Комунална хигиена“ кој ја одбележа претходната недела.
Не ми е јасно како некој ќе штрајкува за да прави интереси за човек кој не оди на работа, рече Георгиевски и додаде дека смета дека има преголемо медиумско влијание овој настан.
Надоврзувајќи се на локланите теми, даде севкупен коментар за Скопје и го спомена мостот „Беласица“.
Имаме катастрофален град, мислам дека имаме најлошо градско раководство во историјата на Скопје што е многу тешко да се постигне бидејќи во Скопје имаше приличен број лоши градоначалници. Ова раководство се однесува како да се одмаздува на градот, а не како да го води, вели Георгиевски.
Тој даде коментар и за Косана Мазнева и вели дека не може да избрка работници преку вадење списоци.
Која е таа жена? Од кај јас да верувам дека знае нешто за „Комунална Хигиена“, прашува Георгиевски.
Целото гостување може да го погледнете во продолжение.