(Видео) Гацов: Буџетот за 2024 година е нереален, истиот би важел само до изборите!

Даночниот експерт Павле Гацов е наш вечерашен гостин во „Трилинг“ со кого разговаравме на актуелните економски теми.

На прашањето „дали може да се издржи со оваа политика во изборна година“ Гацов вели дека во предизборието ќе има прекумерно трошење.

За жал, кога имаме избори економијата има изборен застој. Особено кога имаме изборен молк. Тогаш не треба да се објавуваат јавни набавки или да се афирмираат инвестиции. Тогаш бизнисот исчекува. Тоа исчекување значи дека никој посериозно нема да загриза во бизнисот очекувајќи расплет на настаните, на истата или нова влада по изборите, вели Гацов.

Земајќи предвид дека не очекуваат изборите се наметнува и прашањето „Дали буџетот за 2024 е нереален“ на што тој вели дека не е.

Новата влада ќе формира нов буџет. Ваквиот буџет за 2024-та би го имале само до изборите. Во овој контекст ветувањата за пораст на платите, пензиите, раст на минималната плата и слично се генерално нереални економски проекции. Треба да има ретерирање, во спротивно ќе има зголемување на долгот, потенцира гостинот.

Гацов вели во Македонија долговите се санираат со нови долгови. Сепак Гацов потсетува и алармира дека може да дојде до степен каде не би ни давале нови долгови.

Гацов вели дека владата е во право дека веќе не расте инфлацијата, но сепак дека треба да бидеме претпазливи кога ги читаме владините извештаи.