
(ВИДЕО) Вучевиќ: На 13 август планираа да ме убијат мене, син ми и соборците
- Сакаа да нè запалат живи како во Одеса или да нè влечат низ градот како Гадафи како трофеј. Најмногу ме разочара навредувањето на храбрите и чесни членови на „Кобра“, кои ги претставуваат најблагородните синови на Србија – напиша Вучевиќ на социјалните мрежи.
Претседателот на Српската напредна партија, поранешниот премиер на Србија – Милош Вучевиќ, објави видео од инцидентите на 13 август годинава.
– На 13 август 2025 година, некои имаа план да ме убијат мене, мојот син и моите соборци. Сакаа да нè запалат живи како во Одеса или да нè влечат низ градот како Гадафи како трофеј. Најмногу ме разочара навредувањето на храбрите и чесни членови на „Кобра“, кои ги претставуваат најблагородните синови на Србија – напиша Вучевиќ на социјалните мрежи.
View this post on Instagram