(Видео) Вулканот Етна еруптираше на Сицилија

Уште една ерупција на вулканот Етна се случи на Сицилија, објави весникот „Ла Сицилија“, повикувајќи се на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Ерупцијата се случила во југоисточниот кратер на вулканот, а висината на еруптивната колона се проценува на околу 4.500 метри надморска височина.

Сегашната фаза на ерупцијата не влијае на работата на аеродромот во Катанија.

Етна е највисокиот активен вулкан во Европа, а во 2013 година беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.