
(Видео) Вулетиќ: Заеднички именител на Србија и Македонија е нефункционалноста на системот
🔴-Невозможно е да се поправи системот без промена и корекција на политиката. И тоа најмногу им замерувам на студентите, затоа што после 4 месеци демонстрации мораат и тие да сфатат, како интелектуален крем на нашето општество, дека системот е израз на политиката. И тие упорно бараат преку нивните барања промена на системот и да профункционираат институциите. Сега во јавноста го поставувам прашањето од кого очекуваат да им нареди на институциите да профункционираат? 🔴Околу минатогодишните изнесени наводи на претседателот на Србија Вучиќ, дека е можно македонско сценарио во Србија, а неодамна пак македонскиот премиер Мицкоски рече дека не се плаши од можно српско сценарио во Македонија, Вулетиќ вели дека поврзаноста е во лошиот систем заедно со лошата политика. 🔴„Би рекол дека поврзаноста е лошиот систем и лошата политика. И Србија и Македонија имаа кратки периоди на добра политика во нивната понова историја. Меѓутоа, таа добра политика не успеа да опстане на долг рок за успешно да изгенерира некој поинаков систем. Кога го велам тоа, мислам накраткиот период на владеење на Зоран Ѓинѓиќ, само 2,5 години во 2001 и 2002 г. и релативно краткиот период на владеење на премиерот Зоран Заев, кој водеше поинаква политика во однос и на Никола Груевски и на актуелниот премиер. 🔴 -И затоа мислам дека кога Вучиќ рече дека сака да го избегне македонското сценарио, претпоставувам дека мислел на сценариото за преодна влада и бегството на Никола Груевски. Можам да разберам дека сака да го избегне тоа, вели Вулетиќ.
Нов мандатар за состав на новата српска Влада е познатиот ендокринолог, Ѓуро Мацут, професор на Медицинскиот факултет во Белград. Вучиќ и Брнабиќ ја подготвуваат новата платформа за Србија како одговор на масовните студентски протести. Состојбите во Србија, замешаноста на политиката во сите сфери на општеството се само дел од темите во интервјуто со Зоран Вулетиќ од Граѓанското демократско движење – Белград.
„Па, јас би рекол дека проблемот е повеќе во политиката, бидејќи погрешната политика изнедри ваов систем кој е длабоко корумпиран и кој го еродира целото општество. Секој систем е израз на политиката. Нашата политика не оддалечува од Европската Унија, која не зближува во последните 20 години и повеќе години кон Русија и Кина.
-И Србија, посебно нагласувам, во последните десет години практично се развива според моделот според кој и Кина се развива. И мислам дека тоа е длабоко погрешно. И морам да нагласам дека ова дистанцирање од Европската Унија започна по атентатот на премиерот Ѓинѓиќ. И подоцна, кога на власт дојдоа од Коштуница, Тадиќ, Вучиќ, Дачиќ, сите по ред практично ја оддалечуваат Србија од Европската Унија и практично живееме во систем кој целосно го еродираше ова општество како израз на обратна и погрешна политика.
-Невозможно е да се поправи системот без промена и корекција на политиката. И тоа најмногу им замерувам на студентите, затоа што после 4 месеци демонстрации мораат и тие да сфатат, како интелектуален крем на нашето општество, дека системот е израз на политиката. И тие упорно бараат преку нивните барања промена на системот и да профункционираат институциите. Сега во јавноста го поставувам прашањето од кого очекуваат да им нареди на институциите да профункционираат?
-Александар Вучиќ да сакал поинакви институции ќе водел поинаква политика и ние не би разговарале денес за овие работи. Само на крајот ќе потсетам дека целата инфраструктура на Србија наназад 10-15 години, уште од 2009 г. првиот договор од држава до држава со Кина го потпиша Борис Тадиќ, а подоцна Вучиќ ја унапреди таа соработка, до највисоки можни височини, се и одвива според државниот договор меѓу Србија и Кина.
-Без јавни набавки, без тендери, без никакво учество на јавноста, со договори во четири очи и ова што се случи во Нови Сад е резултат на таквата изопачена политика. За жал, со смртта на шеснаесет лица и уште неколку трајно осакатени, вели за магазинот „Трилинг“, Зоран Вулетиќ од Граѓанското демократско движење – Белград за состојбите во Србија, замешаноста на политиката во сите сфери на општеството во изминатата декада и повеќе по атентатот на премиерот Ѓинѓиќ.

Околу минатогодишните изнесени наводи на претседателот на Србија Вучиќ, дека е можно македонско сценарио во Србија, а неодамна пак македонскиот премиер Мицкоски рече дека не се плаши од можно српско сценарио во Македонија, Вулетиќ вели дека поврзаноста е во лошиот систем заедно со лошата политика.
„Би рекол дека поврзаноста е лошиот систем и лошата политика. И Србија и Македонија имаа кратки периоди на добра политика во нивната понова историја. Меѓутоа, таа добра политика не успеа да опстане на долг рок за успешно да изгенерира некој поинаков систем. Кога го велам тоа, мислам накраткиот период на владеење на Зоран Ѓинѓиќ, само 2,5 години во 2001 и 2002 г. и релативно краткиот период на владеење на премиерот Зоран Заев, кој водеше поинаква политика во однос и на Никола Груевски и на актуелниот премиер.
-И затоа мислам дека кога Вучиќ рече дека сака да го избегне македонското сценарио, претпоставувам дека мислел на сценариото за преодна влада и бегството на Никола Груевски. Можам да разберам дека сака да го избегне тоа.
-А во Македонија се плашат од сценариото студенти, средношколци да се кренат и ова што се случува кај нас овие 4 месеци во Белград и низ цела Србија. И можам да ги разберам нивните стравови, кои можеби се оправдани.
-Сепак, што се однесува до Србија, сигурен сум дека ако тоа не се случи сега во следните месец или два, да се артикулира ова незадоволство преку преодна влада или техничка влада која ќе доведе до предвремени избори под различни околности, на различен начин, така што секој би можеле да излезат на избори и тогаш сите би ги признале тие резултати, можеби тоа ќе се случи до крајот на годината или почетокот на следната година.
-Затоа што, Вучиќ, ако направи влада од ова постоечко мнозинство, повторно тоа ќе биде слаба влада со спорен легитимитет и апсолутно нема да биде успешна. Ова длабоко вкоренето незадоволство кое денеска се излева по улиците на Белград и низ Србија ќе остане.
По трагедијата во Кочани се отвори едно и единствено прашање и веројатно клучниот проблем, а тоа е дека системот не функционира и се толерира корупција, нешто слично што изминатите месеци се случуваше и во Србија, а тоа е дека младите бараат функционалност на институциите – она што веројатно им недостига на двете соседни држави, Вулетиќ со став дека и во Македонија и во Србија доминираат погрешни политики.
„И едното и другото. Како што кажав пред малку, системот е израз на политиката. За жал, и во Србија и во Македонија доминираат погрешни политики. Доминира политика која гледа зазира и чкрта со забите кон Европската Унија.
-Во Европската Унија има институции кои не би ја толерирале инертноста на инспекцијата, министерствара кои им давале дозвола на сопственикот на тој клуб каде настрадаа толку деца. Овој случај не би можел да помине без јавноста таму, како што можеби би можел да помине Македонија, исто како што е можно да помине такво нешто во Србија.
-Кога ја фаворизирам Европската унија, не го кажувам тоа затоа што сум целосно маѓепсан и ја идеализирам Европа и Европската Унија. Но, апсолутно нема подобар институционален модел во светот за животот на обичниот човек и поправеден модел и модел кој му нуди поголема заштита на обичниот човек отколку моделот и системот што владее Европската Унија.
-Така што, сигурен сум дека овие две трагедии на крајот ќе имаат некаков исход. За Македонија имам малку поголем оптимизам одошто за Србија. Сепак се приклучивте на НАТО пактот и направена е посериозна работа отколку досега Србија. Така што се надевам дека овие брзи реакции на македонската влада и истрагата за овој случај, и што така длабински се почна 15 назад. години да ги бараат виновниците еден по друг, би сакал да погледнат во своите редови, бидејќи сигурен сум дека имаат луѓе во своите редови кои мораа да заминат пред една година или нешто повеќе. половина година, преку разни инспекциски надзори или контроли, и самите да дојдат до заклучоци и пред трагедијата која што се случи.
-Но, уште еднаш ќе повторам, политиката и системот мора да се сменат. Системот не може да се промени додека не се промени политиката ниту во Македонија, ниту во Србија.

За тоа дали е на сцена автократија, Вулетиќ концизен: Да!
„Да, апсолутно на сцената е автократија и мислам дека од претходните одговори што ги дадов, гледачите можат лесно да заклучат дека моето мислење е оти особено во Србија владее автократијата.
-Кога ги погледнеме нашите медиуми, кога погледнеме како се во функција претседателот на државата и владата формирана од Српската напредна партија во последниве 10-12 години, недвосмислено можеме да заклучиме дека тоа е еден авторитарен режим кој апсолутно не владее на нормален демократски начин.
-Всушност, имаме низа глобални институции, од Хјуман рајтс воч до Европскиот парламент, кои Србија ја опишаа како хибридна демократија.
-Имавме сведоштва од различни институции, вклучително и европски, по последните неколку изборни циклуси дека немаме ни слободни избори, дека изборите не се фер, и потоа како поинаку можеме да го карактеризираме режимот, туку како чиста автократија.
Целиот интервју со Зоран Вулетиќ од Граѓанското демократско движење – Белград погледнете го во видеото.