(ВИДЕО) Во Трилинг со Трендафилов, Туфегџиќ и Трајановски

➡Иако цените и трошоците за живот континуирано растат, минималната плата во Македонија останува една од најниските во регионот. Си играат ли Владата и работодавачите пинг-понг со работниците? Дали со искажување на револтот на улица работниците ќе стигнат до целта? Македонија ја отвора вратата за 10 илјади странски работници. Дали навистина немаме работоспособно население или никој веќе не сака било што да работи и за било каква плата, разговараме со претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. ➡Судијата Ристов водеше постапки во кои беа обвинети политичари, бизнисмени и луѓе со значителна моќ и влијание меѓу делителите на правда. До судскиот совет имало претставки со наводи дека одредени предмети свесно се задржуваат во фиока, додека во истовремено се бара мито за нивно решавање. Дали оваа индиферентност на Судскиот совет е доволен индикатор дека конечно треба да се ресетира кадровскиот потенцијал во правосудството? Дали судијата поседува информации со кои може да повлече и други крупни риби? Дали со новиот Кривичен законик ќе се надмине правната хаварија со измените направени во 2023 година и дали измените значат и построга казнена политика или се работи само за козметички решенија“, во „Трилинг“ го прашуваме поранешниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ. ➡ Од целосна реформа и нов почеток до враќање чекор назад за преиспитување. што и треба на СДСМ за повторно да стане релевантна политичка партија? Власта тврди нема да има предвремени избори, опозицијата смета дека потезите кои владата ги прави се токму во таа насока. Возможна ли е внатрепартиската конгресна опструкција меѓу Социјалдемократите? На овие и други теми, разговараме со Александар Трајанoвски потпретседател на СДСМ.

Иако цените и трошоците за живот континуирано растат, минималната плата во Македонија останува една од најниските во регионот. Си играат ли Владата и работодавачите пинг-понг со работниците? Дали со искажување на револтот на улица работниците ќе стигнат до целта? Македонија ја отвора вратата за 10 илјади странски работници. Дали навистина немаме работоспособно население или никој веќе не сака било што да работи и за било каква плата, разговараме со претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Судијата Ристов водеше постапки во кои беа обвинети политичари, бизнисмени и луѓе со значителна моќ и влијание меѓу делителите на правда. До судскиот совет имало претставки со наводи дека одредени предмети свесно се задржуваат во фиока, додека во истовремено се бара мито за нивно решавање. Дали оваа индиферентност на Судскиот совет е доволен индикатор дека конечно треба да се ресетира кадровскиот потенцијал во правосудството? Дали судијата поседува информации со кои може да повлече и други крупни риби? Дали со новиот Кривичен законик ќе се надмине правната хаварија со измените направени во 2023 година и дали измените значат и построга казнена политика или се работи само за козметички решенија“, во „Трилинг“ го прашуваме поранешниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ.

Од целосна реформа и нов почеток до враќање чекор назад за преиспитување. што и треба на СДСМ за повторно да стане релевантна политичка партија? Власта тврди нема да има предвремени избори, опозицијата смета дека потезите кои владата ги прави се токму во таа насока. Возможна ли е внатрепартиската конгресна опструкција меѓу Социјалдемократите? На овие и други теми, разговараме со Александар Трајанoвски потпретседател на СДСМ.

Фото: Трилинг / Слободан Трендафилов

„Не им е срам да им кажуваат на работниците дека нема да им потклекнат под притисок, една цела годишна плата ќе ја земат во еден месец?“, вели за „Трилинг“ Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Фото: Трилинг / Владимир Туфегџиќ

„Се работи за група на луѓе кои имаат криминоген ДНК. Луѓе на кои утре да им дадете 10,000 евра плата судиска или обвинителска, они ќе го прават истото“, вели адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ.

Фото: Трилинг / Александар Трајанoвски

„Не би се сложил дека сме разединети ако еден, двајца или тројца бивши наши функционери излегле на телевизија и барале оставка од претседателот Венко Филипче. Ние како партија не може да трпиме атак од поранешни функционери кои добиле се од СДСМ и тој атак да остане од нас игнориран. Фокусот на провладините медиуми е Венко Филипче, затоа што не испорачуваат ништо“, вели Александар Трајанoвски потпретседател на СДСМ.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.