![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/triling14-750x430.jpg)
(Видео) Во Трилинг со проф. Кекеновски, Мизо и Пандовски
Европа е во шок. По смената во Белата куќа бура од реакции. Каде е Македонија во новото прегрупирање околу американскиот хегемонизам?
Светот не може да се соземе од молскавичните потези на американскиот претседател. Доналд Трамп најави мировни преговори со Путин и Зеленски и ќе ги интензивира своите политки за во наредниот период.
Европа е во шок. По смената во Белата куќа бура од реакции. Иницијативите се брзи и доминантни, неизвесно е дали вооружените конфликти ќе се смират или судирите ќе бидат сменети со трговска војна.
Во вакви околности просто е неверојатно да зборуваме каде е Македонија во новото прегрупирање околу американскиот хегемонизам.
Дел од странските компании во слободната зона „Бунарџик“ лани заминуваат, дел ги намалуваат капацитетите. Компанијата „Актив“ која вработува околу 500 луѓе заминува од земјава, а своето производство ќе го продолжи во Полска и Португалија. Клуч на врата става и „Дура Аутомотив“ во која работат околу 500 луѓе, „Џонсон Мети“ како најголем увозник од Македонија го намалаува бројот на вработените во Својата компанија.
Македонија бележи пад во битката со справувањето со корупцијата од 12 места во однос на 2023 година. Таа и понатаму е во друштво на Виетнам, Казахстан, Танзанија. Неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции. Индиции за политичко влијание во судството, лошата контрола која Судскиот совет ја врши врз судиите и четириесте препораки на оценската мисија на ЕК, кршењето на Законот со изборот на кандидати за Академијата на судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од случувањата кои го тресеа судството. Американски „Црни листи“ и санкции за корумпираните веројатно не даваат ефекти. Недостигаат ефективни антикорупциски системи. Извештајот на „Транспаренси интрнешенл“ случајно или не коинцидираше и со намерата на Владата да го разреши државниот јавен обвинител.
За комплексите од новите движења воопшто, во магазинот „Трилинг“ вечерва со универзитетскиот професор Љубомир Кекеновски, претседателот на Советот за странски инвестиции Виктор Мизо и Благоја Пандовски претседател на „Транспаренси интернешнл“.
Гледајте го новото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот „Трилинг“, како и на порталот triling.mk.