(ВИДЕО) Во Трилинг со Орце Ѓорѓиевски, Ристевска Јорданова и Ајдини Јегени

Во новото издание на Трилинг интервјуа со Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје, Малинка Ристевска Јорданова експерт за ЕУ интеграции и актерката Теута Ајдини Јегени добитничка на наградата „11 Октомври“.

Ќе ги урива ли Ѓорѓиевски дивоградбите во Скопје доколку биде избран за градоначалник? Би донел ли одлука за мораториум за градба во метрополата? Како планира да го исчисти градот во првите 72 часа ако биде избран за татко на градот во ситуацијата кога јавните претпријатија се во колапс?

Орце Ѓорѓиевски

Точно ли е дека има договор во владината коалиција на чело на јавните претпријатија да будат луѓе од ВЛЕН и дали дел од јавните претпријатија ќе бидат приватизирани?

Малинка Ристевска Јорданова

Ќе одлучува ли ЕУ со квалификувани мнозинството за побрз прием во ЕУ за земјите аспиранти? Што може да се очекува од посетата на шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен која доаѓа во сензитивен период во Скопје? Уставни промени со одложен дејство и ЕУ гаранции?

Теута Ајдини Јегени

„Драмите и трагедиите треба да се играат во театрите. Кажете им го ова на оние што прават светот да крвари“. Ова послание во март 2023 година по повод Светскиот ден на театарот го потпиша македонската актерка Теута Ајдини Јегени.

Во новото издание на Трилинг интервјуа со Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје, Малинка Ристевска Јорданова експерт за ЕУ интеграции и актерката Теута Ајдини Јегени добитничка на наградата „11 Октомври“.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.