
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ ќе разговараме со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, проф д-р Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ и Божидар Спировски експерт за сајбер безбедност.
- „Секој ваш пропуст, од типот на бегството на Груби, од типот на неодамнешното со „Пуцко петрол“ го кажува сосема спротивното – дека спрегата не помеѓу СДСМ и ДУИ, туку помеѓу ДУИ и ДПМНЕ.
- Сатанизација од пратеници гледаме врз судии и конкретни предмети, дали со тоа се постигнува реформа во судството? Тоа може само да ги заплаши судиите.
- Ние не сме жестоки критичари на трамповизмот. Ние сме критичари на надворешната политика без компас, што ја демонстрира ДПМНЕ.
- Неблагодарно е да се споредува една демократска партија како што е СДСМ, со една авторитарна и командантска ситуација во ДПМНЕ, смета Чупеска.
- Ние ако во скоро време го решиме проблемот со Бугарија јас сум многу убеден дека во склоп на 2030, ние потенцијално би можеле да станеме полноправна членка на ЕУ.
- Тоа што сака да го види Брисел е одреено политичко влијание во институциите, конкретно во судството, да не се заменува со друго политичко влијание.
- Продлабочувањето на билатералните односи со САД не се косат со стратешките приоритети на нашата држава, вели Муртезани
- Порака до сите гледачи – не верувајте на социјалните мрежи. Не верувајте скоро на ништо што постои на социјалните мрежи“, вели Божидар Спировски експерт за сајбер безбедност.
Гледајте го новото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk